Припадниците на декларираната ренџерска чета во текот на вчерашниот ден на Армискиот полигон „Криволак“, почнаа со справувањето со подготвените инциденти од НАТО оценувачите.
Според сценариото за оценување дел од единицата наиде на неексплодирана импровизирана експлозивна направа. Ренџерите реагираа веднаш користејќи ги макотрпно стекнатите вештини и во склад со НАТО стандардните оперативни процедури. Набргу по овој инцидент следеше реакција на непријателска заседа. Оценувачкиот тим имаше прилика да се увери во брза и ефикасна реакција, на начин како што тоа го прават најдобрите.
Динамиката на оценувањето продолжува и во текот на вечерните часови каде се очекуваат уште неколку инциденти, а веќе следниот ден следуваат посложени задачи и инциденти каде македонските ренџери ќе се справуваат со други борбени ситуации.