Мисија:
Одржување на МС на III рамниште, зајакнување на капацитетите за одржување на II рамниште на ЛП и одржување на муниција и МЕС.
Задачи:
- Планира, организира и реализира среден ремонт на ТМС;
- Планира, организира, координира и реализира КТП на муниција и МЕС и ТП на специфични МС во единиците на Армијата;
- Хумано уништување на бесперспективна и неисправна муниција;
- Изработка на технолошки постапки од областа на одржувањето на МС, муниција и МЕС и организирање на производство на резервни делови;
- Адаптација и модифицирање на резервни делови, склопови и агрегати.
Потполковник Чедомир Јовевски
Потполковник Чедомир Јовевски е роден на 16 јануари 1973 година во Крива Паланка. По завршување на основното образование, средно образование завршува во 1991 година во УСО „Орце Николов“ во Скопје, а потоа се запишува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Машински Факултет каде успешно дипломира во 1997 година на смер – Производно Машинство и се стекнува со звање „Дипломиран машински инженер“.
Во текот на 1999-2000 година на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје ја започнува воената кариера и се стекнува со чин поручник во техничка служба. Активната воена кариера ја започнува како Командир на вод за техничко одржување при Логистичка чета во Гранична Бригада во касарна „Илинден“ во гарнизон Скопје. Во досегашната негова кариера извршува повеќе штабни должности на ниво полк,баталјон и здружено оперативна команда, а од март 2019 година е поставен на должност – Командант на ТРЦ.
Има завршено повеќе курсеви од областа на логистиката, планирачките воени процеси, планирање на буџетирање, одржување на МТС како: Основен курс за штабни офицери НАТО училиште Оберамергау – СР Германија во 2009 година, Управување со материјали на национално ниво. Учествувал на повеќе воени вежби во Републиката и во странство меѓу кои: „Македонски Блесок“, „LONGBOW LANCER-13“, „REGEX-19“, а во текот на 2018 година учествувал во ротацијата во мисија „Одлучна поддршка“ во Мазар е Шариф во Р. Авганистан. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: Пофалница од Министерот за Одбрана, пофалница од Командантот на ЗОК и пофалница од командантот на Бригада за Логистичка Поддршка. Активно го користи англискиот јазик STANAG 2.2.2.2. Оженет и татко на три деца. Хоби му е читање на книги и спорт.
Во надградување на военото образование има завршено:
- Специјализација за командни и штабни должности во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски” – Скопје во период од 04.04.2016 до 06.02.2017 година.
Претходни должности:
- 2000-2005 година – Командир на вод за техничко одржување, Логистичка чета во Гранична бригада;
- 2005-2006 година – Началник на техничка служба во Полк за врски;
- 2006-2009 година – Началник на С-4 во Баталјон за врски;
- 2009-2013 година – Офицер за снабдување со материјали од класа 2 и 3 во Г-4/ЗОК;
- 03-09.2013 година – Застапување на должност Началник на одделение за одржување во Г-4/ЗОК;
- 2013-03.2019 година – Началник на штаб и заменик на командант на ТРЦ;
- -12.2014 година – Застапник Командант на ТРЦ;
- 2019 година – Командант на Технички Ремонтен Центар.
Унапредувања:
- Поручник 2000-2003 година;
- Капетан 2003-2009 година;
- Мајор 2009-2014 година;
- Потполковник 2014 година.
Почетоците за формирањето на единицата датираат уште во далечната 1947 година, но официјално објектот е регистриран во катастарските документи 15.11.1967 година.
Со самото формирање на АРМ, Техничкиот ремонтен центар продолжува да работи на одржување на материјално техничките средства од доменот на среден и генерален ремонт. Единицата располага со капацитети за одржување на пешадиско и артилериско вооружување, дијагностика и сервисирање на возила, одржување и сервисирање на бела техника, располага со сертифицирани лица за ПП заштита, работилница за општи работи, како и средства за одржување на врски.
Со текот на изминатите години Техничкиот ремонтен центар постојано се опремува со специјална опрема за успешно извршување на активностите.
Персоналот со кој располага единицата во изминатиот период успешно ги има извршувано задачите, а тоа се должи на постојаното стручно оспособување и усовршување преку најразлични курсеви и обуки во земјата и странство.