Спецификации на вежбата
Име: SABER GUARDIAN 2017.
Формат: Мултинационална компјутерски асистирана вежба на Командно место и вежба на терен.
Организатор: Армијата на САД во Европа – United States Army Europe (USAREUR).
Време на изведување: од 11до 20 јули 2017 година.
Област: Романија, Бугарија, Унгарија.
Учесници: Армии на 22 Земји со околу 25,000 учесници, Соединетите Американски Држави, Ерменија, Бугарија, Чешка, Германија, Хрватска, Грузија, Грција, Унгарија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина и Обединето Кралство.
Контингент на учесници од АРМ (71 припадник на АРМ):
- Баталјон на воена полиција (40 припадници, 8 возила Хамви, Лендровер и опрема);
- Баталјон за специјални намени (14 припадници);
- Инженериски баталјон (8 припадници);
- Балкански медицински наменски сили (9 припадници).
Локации на учесниците од АРМ:
- Припадници од баталјонот на Воената полиција (од 08.07-22.07.2016 година во Валчеа, Романија);
- Припадници од инженериски баталјон (од 23-28.06.2017 во Графенвер, Германија и од 29.06-26.07.2017 во Валчеа, Романија);
- Припадници од баталјон за специјални намени (од 07-22.07.2017 во Оча, Унгарија);
- Припадници од балкански медицински наменски сили (од 09.07-19.07.2017 во близината на Констанца, Романија).
Општи карактеристики на вежбата
Вежбата „Saber Guardian 2017“ претставува мултинационална вежба организирана и предводена од Армијата на САД во Европа – United States Army Europe (USAREUR), како дел од заедничката програма за вежбање USEUCOM.
Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 25.000 припадници на вооружените сили од 20-тина земји членки на НАТО и земји партнери и годинава е најголема вежба во Црноморскиот регион.
Сценариото на вежбата „Saber Guardian 2017“ е демонстрирање на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува компјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања.
Цел на вежбата
„Saber Guardian 2017“ има за цел промовирање на стабилност и сигурност во Црноморскиот регион, зајакнување на партнерските капацитети и меѓусебната доверба како и интероперабилноста меѓу USAREUR и копнените војски (КОВ) на земјите учеснички.
Дополнително вежбата „Saber Guardian 17“ е наменета за постигнување на интероперабилност во рамките на НАТО и ПзМ соработката, зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО, подготовка за изведување на здружени копнени операции преку симултана комбинација од нападни, одбранбени и операции за стабилизација на опкружувањето.
Елементи на вежбата:
- Обука и евалуација на сојузничките сили за способноста и ефикасноста во извршување на здружени операции според НАТО (Article 5);
- Согледување на планирањето, организацијата и реализацијата на здружени операции во рамките на НАТО и ПзМ соработката;
- Согледување тактики и процедури преку комбинација од нападни и одбранбени операции;
- Изведување на операции за стабилизација на воиштето соодветни на мисијата и опкружувањето;
- Изградба на взаемно разбирање и доверба;
- Подобрување на НАТО и ПзМ интероперабилност.
Поважни датуми за контингентот на учесници од АРМ:
– Подготовка за заминување, воедно церемонија на испраќање на контингентот на АРМ (посета од страна на Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Амбасадорот на САД во Р. Македонија Н.Е. Џемс Бејли, ЗНГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, претставници од МО на РМ, АРМ и Амбасадата на САД во Р. Македонија).
– Локација: касарна „Илинден“
– Време: 10.00 часот;
– Заминување на контингент на учесници од АРМ;
– Учество на вежбовните активности.(Напомена: Припадниците на АРМ од инженерискиот баталјон ги започнаа активностите од 23-28.06.2017 во Графенвер, Германија и од 29.06-26.07.2017 во Валчеа, Романија).
– Учество на делегација на МО и АРМ на Ден за високи гости за вежбата.
Временска рамка на изведување на поважни активности:
- 11.07.2017 – Церемонија на отворање на вежбата (Армиски полигон Ново Село, Бугарија);
- 16.07.2017 – Ден за Високи Гости (Приказ на премин на река), Бордусани, Романиа:
- 20.07.2017 – Церемонија на затварање на вежбата – Армиски полигон Ново Село, Бугарија;
- 23.07.2017 – Отпочнување на активностите на припадниците на ВС на САД за вежбата „Dragoon Guardian“ која ќе се реализира во Република Македонија.