Пензионираните генерали на Армијата на традиционалната средба со највисокото воено раководство и оваа година ја имаа можноста преку истакнување на нивнте ставови, предлози и сугестии, а воедно и споделување на нивните искуства да го дадат својот придонес за Армијата.
Од страна на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски на дваесет и четворицата присутни пензионирани генерали, од кои петмина се поранешни началници на Генералштабот им се одаде признание за нивниот влог во достигнувањата на Армијата.
Воедно од страна на претседателот Пендаровски е истакнато дека зачленувањето во НАТО како една од нашите главни стратешки цели се валоризираа севкупните напори на сите што работеа во областа на одбраната, а каде голем удел имаа и сите припадници на Армијата, од независноста до денес.
Во текот на дискусиите од страна на началникот Ѓурчиновски и министерката Шекеринска пензионираните генерали имаа можност да се запознаат со тековните процеси во Армијата, како и со планираните активности за наредниот период.