Континуираната обука на персоналот од состав на Армијата кој е вклучен во циклусот на обука за спроведување на процесот на стандардизација во НАТО, согласно билатералната соработка со Вооружените сили на Република Грција, продолжи со изведба на Модул 3 планиран за тековната година.
Обуката од Модул 3 од циклусот во областа на НАТО стандардизацијата и процесот на планирање на одбраната во НАТО се реализираше во период од 26.04. до 27.04.2023 година, во Домот на Армијата во Скопје.
Обуката ја реализираше мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција.
За прв пат на обуката присуствуваа и две лица од Министерството за одбрана на Република Црна Гора.
За време на обуката слушателите се стекнаа со знаења од областа на НАТО стандардизацијата, како и со знаења од процесот на планирање на одбраната во НАТО.
Обуката за стандардизација е поддржана од страна на Директоратот 2 на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција.
На крајот од обуката на Модул 3 во присуство на Заменик началникот на Ј-5 од ГШ на Армијата, полковник Ненад Миклош, на слушателите им беа поделени сертификати за учество и успешно завршена обука.
Во месец Март 2023 година беше реализиран Модул 1 од обуката за стандардизација во НАТО, а до крајот на 2023 година планирано е заокружување на обуката во областа на НАТО стандардизацијата со реализација на уште еден модул.