По повод одбележувањето на 9ти Мај – Денот на победата над фашизмот, Сојузот на Борци на град Скопје, додели Благодарница од името на претседателот на Сојузот на Борци на НОВ и ПОМ, на баталјонот за Почести.
Во знак на взаемната долгогодишна соработка на македонската гарда и сојузот на борци, на ден 28.05.2026 година во време од 10:00 до 11:00 часот, во просториите на ВП 3562, се одржа презентација за мисијата и задачите на баталјонот за почести, по која Претседателот на Сојузот на борци на град Скопје се обрати на припадниците на гардата и ги истакна неговите видувања за значењето и улогата на македонските гардисти.
На крајот во кратка церемонија се додели благодарницата на баталјонот за почести.








