Согласно планот за билатерална соработка со Италија, во период од 15 до 17 октомври во Домот на Армијата, се реализираше семинар од доменот на цивилно-воената соработка (ЦВС), на тема „CIMIC Tactical Operator“.
Воведен збор имаше заменик-началникот на Секцијата за цивилно-воена соработка, полковник Виолета Костадинова, која изрази благодарност до присутните гости од Италија за соработката и истакна дека наведената активност е дел од континуираниот процес за исполнување на НАТО целите на способности за градење на капацитетите на Армијата во делот на ЦВС.
Делегацијата од Италија беше предводена од припадници на мобилен тренинг тим од состав на Multinational CIMIC Group – MNCG, Motta Di livenza, Italy. На семинарот учествуваа припадници на Армијата, кои се поставени на формациските места од областа на цивилно-воената соработка.
Оваа активност е резултат на досегашната плодна билатерална соработка со Република Италија, која е планирана да продолжи и во текот на 2025 година.