Како еден составен дел од Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната, Армијата традиционално спроведува и еколошки акции на првиот ден од пролетта во касарните низ Републиката.
Во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, припадниците на командите и единиците стационирани во касарната, како и во објектите на Генералштабот и во касарните во Куманово и Петровец со засадување на дрвца традиционално се одбележа „21 март – Денот на пролетта и екологијата“.
Во еколошките активности беа засадени повеќе стотина зимзелени садници на повеќе локации низ касарните.
Планот за повисоки еколошки стандарди кој го е дел од Планот на НАТО е сеопфатен кој покажува дека одбраната посветува внимание на овој сегмент во работењето и дека е повеќе од свесна за потребата од здрава животна средина за што е изготвен и посебен тнр План за воведување на Екоодбрана.