Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Организацијаta за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ и Република Северна Македонија, во период од 29.08 до 07.09.2023 година во организација на Генералштабот на Армијата се реализираше третаta фаза од проектот за надградба на националните капацитети за менаџирање со мало и лесно оружје (МЛО) и експлозивни материјали.
Во рамките на активноста се реализираше обука на учесниците во организација на контролно-технички прегледи на муницијата и минско-експлозивните средства со цел преземање на превентивни мерки за безбедно менаџирање со животниот век на МиМЕС.
Активноста беше реализирана од страна на мобилен тим за тренинг од вооружените сили на Република Австрија.
На активноста учествуваа претставници од Армијата, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и невладината организација „Организација за експлозиви и оружје“ од Скопје.