Во периодот од 11 од 15 септември, припадници на Армијата во координација со Канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД (ODC), Европската команда на ВС на САД (US EUCOM) и Канцеларијата за глобални реформи во одбраната од Стејт департментот на САД (GDPR), учествуваше на вежбата „Cyber Unity 2023“ која се одржа во агенцијата за поддршка и набавки на НАТО во Луксембург (NSPA).
На вежбата учествуваа и тимови од Албанија, Хрватска и Црна Гора со цел засилување на регионалната соработка, споделувањето на информации за сајбер закани на критичната инфраструктура како и унапредување на вештините на учесниците во користењето на алатки за сајбер одбрана од т.н. „Оpen source“. Тимот на учесници од Армијата вклучуваше офицери кои се дел од Воениот тим за одговор на компјутерски инциденти (MIL CSIRT) на Министерството за Одбрана и Армијата.