Во рамки на одбележувањето на осумнаесет годишнината на осумте загинати воени обврзници кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана, положи цвеќе пред спомен обележјето во село Љубанци и спомен плочата во касарната „Илинден“ во Скопје.
Исто така, почит на загинатите бранители им беше оддадена и пред споменикот на паднатите бранители во Волково.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини, каде животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.