Во рамките на планот и програмата за одбележување на 15 Април, Денот на Командата за обука и доктрини, штабот на SEEBRIG вклучувајќи ги и учесниците на вежбата „SEVEN STARS 25“, како дополнителна активност, реализираа хуманитарна акција. Средствата од хуманитарната акција беа донирани во Основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева Овчарова“ во Велес.
При посетата на центарот, командантот на SEEBRIG бригаден генерал Билбил Битри им се заблагодари на децата и наставниците за топлиот прием и за несебичното залагање и придонесот на наставниците кои го даваат грижејќи се за децата. Директорката на училиштето изрази благодарност што соработката помеѓу Aрмијата и училиштето продолжува, но ја истакна и среќата и радоста на децата што се посетени од страна на лица од Aрмијата.
Задоволството кое го отсликуваа лицата на децата е доволен мотив за следна ваква активност, каде Командата за обука и доктрини преку ваквите континуирани акции покажува дека хуманоста е една од главните карактеристики на припадниците на Армијата.