
Мисија:
Како повисока здружено-тактичка единица преставува главна борбена сила на Армијата која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во мировните операции и ги исполнува меѓународните воени обврски.
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите;
- Логистичка поддршка;
- Организирање и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.

Бригаден генерал Дејан Чиплаковски
Бригаден генерал Дејан Чиплаковски е роден 11.08.1976 година во Берово.
- Основно образование има завршено во 1991 година во ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово;
- Средно образование има завршено во 1995 година во ЦСУ „Ацо Русковски“ – Берово, насока природно – математичка гимназија;
- Високо образование има завршено во период од 1995 до 1999 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, како дипломиран офицер на родот инженерија;
- „Специјализација за командни и штабни должности“ завршил во 2012 година, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје;
- Магистратура од областа на „Кризи и кризен менаџмент“ има завршено во 2016 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје;
- Генералштабно усовршување има завршено во 2018 година, во Школата за национална одбрана, Белград, Република Србија.
Претходни должности:
- Командир на Инженериски вод во Инженериска чета во 1.гардиска бригада, од 1999 година до 2002 година;
- Командир на 1.вод во Четата за обука на подофицери за служби во Питомечки баталјон во Воената академија, од 2002 година до 2003 година;
- Командир на Четата за обука на подофицери за служби во Питомечкиот баталјон во Воената академија, од 2003 година – 2004 година;
- Заменик на командантот на 1.Инженериски баталјон во Инженерискиот полк, од 2004 година до 2005 година;
- Командир на чета во Инженерискиот баталјон во Командата за логистичка поддршка, од 2005 година до 2009 година;
- Во 2010 година ја извршува должноста инженериски штабен офицер за обука и врски со АНА, во мисијата ИСАФ, Авганистан;
- Офицер за инженерија во Одделението за борбена поддршка и стандарди во Г-3/7 во Здружената оперативна команда од 2009 година до 2012 година;
- Командант на Инженерискиот баталјон од 2012 година до 2015 година;
- Началник на секција Г-7 во Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) во Лариса, Република Грција, од 2015 година до 2016 година;
- Началник на секција С-3 во 1.механизирана пешадиска бригада, од 2016 година до 2017 година;
- Началник на штаб во 1.механизирана пешадиска бригада, од 2017 година до 2020 година;
- Началник на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции во Командата за обука и доктрини, од 2020 година до 2024 година.
- Командант на 1.пешадиска бригада, од 2024 година.
Унапредување:
- потпоручник, од 1999-2000 година;
- поручник, од 2000-2004 година;
- капетан, од 2004-2009 година;
- мајор, од 2009-2013 година;
- потполковник, од 2013-2018 година;
- полковник, од 2018-2024 година;
- бригаден генерал од 2024 година.
Познавање на странски јазици:
Англиски јазик – одлично познавање, зборување, читање, пишување;
Француски јазик – основно познавање.
Семеен статус:
Оженет и татко на две деца.
Наредник Гоце Тодоров
Дата на раѓање:
01.1973 година во Штип.
Образование:
- Основно образование има завршено 1988 година во ОУ „Димитар Влахов“ – Штип;
- Средно образование има завршено 1992 година во УТЦ „Видое Смилевски – Бато“ – Штип.
Воена кариера:
- Командир на 3.одд. во 1.механизирана пешадиска чета во 2.механизиран пешадиски баталјон во 2.механизирана пешадиска бригада од 2002 до 2007 година;
- Командир на 1.одд. во 1.механизирана пешадиска чета во 2.механизиран пешадиски баталјон во 2.механизирана пешадиска бригада од 2007 до 2009 година;
- Командир на вод за огнена подршка во 1.механизирана пешадиска чета во 2.механизиран пешадиски баталјон во 2.механизирана пешадиска бригада од 2009 до 2012 година;
- Прв подофицер на 3.пешадиска чета во 2.пешадиски баталјон во 1.пешадиска бригада од 20012 до 2018 година;
- Главен подофицер во 2.пешадиски баталјон во 1.пешадиска бригада од 20019 до 2022 година;
- Подофицер за борбена готовност и операции во секција С-3, во 1.пешадиска бригада од 2022 до 2025 година;
- Главен подофицер на 1.пешадиска бригада од 2025 година.
Завршени курсеви:
- Курс за закон за вооружен конфликт;
- Курс за инструктор за вооружен конфликт;
- Напреден курс за подофицери;
- Курс за прв подофицер во чета;
- Курс заградење на интегритет.
Вежби, обуки и мисии:
- Мировни операции во Р. Италија;
- Борба во урбана средина во Велика Британија;
- Работа со демонстранти во Украина;
- Вежба „Seven Star“ во Р. Бугарија и во Р. Турција;
- Вежба „Македонски Блесок“;
- Вежба „Есенска бура“;
- Вежба „Одлучен удар“;
- Мировна мисија „ISAF“ во ИР. Авганистан, во три ротации.
Унапредувања:
- водник, од 2002-2007 година;
- постар водник, од 2007-2012 година;
- постар водник прва класа, од 2012-2016 година;
- наредник, од 2016 година.
Постигнати успеси во кариерата:
- Средна плакета на Армијата доделена од НГШ на Армијата;
- Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Сребрена значка за долгогидишна служба во Армијата;
- Голем број на пофалници и награди.
Странски јазици:
- Англиски јазик
Семеен статус:
- Оженет, татко на две деца
Хоби:
- Мал фудбал и велосипедизам.
Капетан Горанчо Ѓоргиевски
Капетан Горанчо Ѓоргиевски е роден на 06.02.1977 година во Делчево. По завршувањето на основното и средното образование во Берово,продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде дипломира во 2000 година. Воената кариера ја започнува како командир на моторизиран пешадиски вод во 1.моторизиран пешадиски баталјон во Куманово. Во досегашната кариера извршувал повеќе командирски должности на ниво на баталјон, а бил и вршител на должност началник на секција за борбена готовност,операции ,воено планирање ,обука и вежби во 3.пб од 1.пбр а од 2018 година е поставен на должност офицер за односи со јавноста во 1.пешадиска бригада. Има завршено повеќе курсеви од досегашниот делокруг на работните обврски и задачи.
Меѓу останатите курсеви има завршено:
- Курс за командири на водови, MPRI, Пепелиште, 2000 година;
- Курс за инструктори за борба против тероризмот, 2002 година;
- Курс за командири на чети, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2012 година;
- Инструктор по тактичка обука „Методички курс за обука на подофицери“, 2013 година;
- Курс за штабни должности во баталјон, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2017 година;
- Курс NATO Military Decision Making process training, MTT, 2015 година;
- Курс Analysis and Lessons learned, MTT, 2016 година;
- Курс Crisis Communication, PARC Скопје, 2016 година;
- Public affairs workshop , PARC, ноември, Скопје, 2018 година;
- Builiding Integrity in Public Affairs Course, PARC, Скопје, 2019 година.
Досега има учествувано на неколку воени вежби во земјата, во странство нема и тоа:
- „Македонски блесок“ 7, 8, 9, 10;
- Мултинационална вежба „LONGBOW/LANSER“, 2012 година.
До сега нема учествувано во мировна мисија надвор од државата. Повеќе пати е наградуван и пофалуван,меѓу кои позначајни се пофалница од командантот на 1.мпбр, благодарница од командантот на КОД, наградно отсуство од командантот на 3.мпб. Познава англиски јазик,основно познавање германски јазик и останато, живее во Скопје,оженет и татко на две деца.
Претходни должности кои ги има извршувано:
- Командир на вод, 2000-2003 година;
- Командир на караула, 2003-2005 година;
- Командир на вод, 2005-2012 година;
- Командир на механизирано пешадиска чета, 2012-2014 година;
- Офицер за обука во С-3/3.мпб, 2014-2018 година;
- Вршител на должност Началник на С-3/3.мпб, 2016 година;
- Офицер за односи со јавноста во 1.механизирана пешадиска бригада, октомври 2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 2000-2001 година;
- Поручник 2001-2012 година;
- Капетан 2012-2020 година.

Врз основа на новата организациско-формациска поставеност на Армијата на Република Северна Македонија од 2012 година и наредбата за трансформација на единиците на Армијата, дојде до фузирање на 1. и 2. механизирана пешадиска бригада во 1.механизирана пешадиска бригата „А“ (1.мпбр), а од 2019 година се трансформира во прва пешадиска бригада (1.пбр).
1.мпбр и 2.мпбр ја имаа честа да ги продолжат и негуваат традициите на 11. и 13. пешадиска бригада формирани во 1992 година со осамостојувањето на Република Македонија, кои пак ги негуваа традициите на две истакнати единици НОВ и тоа 14. Младинска Македонска Народноослободителна Ударна Бригада (14.ММНУБр) и Кичевско-мавровскиот партизански одред. Единици кои во својот славен борбен пат имаат учествувано на ослободувањето на градовите долж течението на реката Брегалница, градот Скопје, Западна Македонија и крвавиот Сремски Фронт.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили „Н“ бр. 06-716/1 од 14.05.2015 година за „Ден на единицата“ е одреден 2-ри Април, денот кога во 2012 година командата и штабот на 1.мпбр се дислоцираа во гарнизонот Петровец.
За постигнатите резултати на планот на одбраната на Република Македонија, Претседателот на РМ со Указ бр. 8 од 14.08.2007 година, 1.мпбр и 2.мпбр ги одликува со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“.
Денес 1. пешадиска бригада „А“ е главна борбена сила на Армијата која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка на цивилното население при природни катастрофи, епидемии и други непогоди, а надвор од територијата на Република Северна Македонија со декларираните единици учествува во операции за поддршка на мирот со што ги исполнува меѓународните воени обврски.
Учество на вежби во Република Македонија:
- Учество на вежбата Resolute Castle 24“, која се реализираше на АП „Криволак“ од страна на инжб/1.пбр со претставници од USAREUR-AF и 4.SFAB од ВС на САД;
- Учество на вежбата „Staff Exercise“ со Institute for Security Governance (ISG) во Скопје во период од 05.02.2024 до 09.02.2024 година;
- Учество на вежбата “SWIFT RESPONSE 24” која се реализираше на АП Криволак;
- Учество на вежбата “Maple Arch” во период од 25.11.2024 до 06.12.2024 година која се реализираше во Велес;
- Учество со штаб и пч на вежба „IMMEDIATE RESPONCE 23“ на АП Криволак.
- Учество на вежбата “SWIFT RESPONSE 22”;
- Учество и обуката на клучен персонал (Key Leaders Training –KLT) за вежбата „SEVEN STARS 22“ во организација на командата на SEEBRIG, во Домот на Армијата – Скопје;
- Учество на персонал од 2.пб/1.пбр вежбата “Seven Stars 22” на АП Криволак.;
- Оценување на лпб и вежба „Блесок 22“;
- Учество на персонал на вежбата „ОДЛУЧЕН УДАР“ во период од 18.05-15.07.2019 год;
- Учество на вежбата „Предизвик 18“ на АП „Криволак“ во период од 01.10 до 05.10.2018 година;
- Учество на вежбата „Македонски Блесок-14“ на АП „Криволак“ во период од 12.10 до 22.10.2018 година;
- Учество на вежбата „ЕЛЕКТРОН 2015“ Красте, Чојлија, Страцин и Сливово од 22.09 до 24.09.2015 година;
- „Македонски блесок 10“ во периодот од 5 до 12.04.2014 година, демонстрација на достигнатиот степен на борбената готовност на СПБГ;
- МНВ „Здружени напори 2013“ во периодот од 19 до 28.06.2013 година;
- „Македонски блесок 9“ во периодот од 14 до 18.10.2013 година, демонстрација на интероперабилност и преглед на борбената готовност на декларираните единици, односно демонстрација на способностите на СПБГ во согласност со Здружените стандарди за сили;
- „Македонски блесок 8“ во периодот од 19 до 30.05.2012 година, НАТО оценување Ниво 2 на декларираната средна пешадиска баталјонска група и декларираните механизирана пешадиска чета и одделение АБХО во силите на ЕУБГ 2012/2.
Учество во меѓународни вежби:
- Учество на вежбата „Saber Strike“, која се реализираше во Вилсек СР.Германија;
- Учество на вежбата „EFES 24“ која се реализираше во Р. Турција;
- Учество на на вежбата „Wigorous warriors 2024“ на воениот полигон Банконикути во Унгарија. Вежбата беше реализирана за потребите на Балканските Медицински Сили;
- Учество на вежбата ,,Combined Resolve 24’’ која се реализираше во Р. Германија;
- Учество на вежбата „,Saber Junction” во Хофенхелс, Р. Германија во период од 27.08. – 17.09.2022 година;
- Учество на вежбата „Dynamic Front 25“ која се реализираше во период од 03.11 до 22.11.2024 година, во Графенвер, Сојузна Република Германија;
- Учество на вежбата „Clever Ferret 24“ во Р. Италија во период од 17.11-22.11.2024 година;
- Учество на на вежбата „Syber Coalition 2024“ која се реализираше во Естонија во период од 26.11 до 07.12.2024 година;
- Учество на вежбата „Адаптивна интеракција 24 (ADIN 24)“ која се реализираше во период од 02.12. до 06.12.2024 година во Република Италија;
- Учество на вежба „DEFENDER 23“ во Р. Косово;
- Учество на вежба „DEFENDER 23“ во Р. Албанија;
- Учество вежбата „КФОР 32“ во С.Р. Германија;
- Учество на вежба „Adriatic Strike“ во период од 29.05.-09.06.2023 година во Словенија;
- Учество на вежба „Saber Junction“ во Република Германија;
- Учество на вежба „Joint Cooperation“ во СР. Германија;
- Учество на вежбата ,,SIRA” која се реализира во период од 08.05. до 12.05.2023 година во Мунстер, СР. Германија;
- Учество на вежбата ,,KFOR 30”( 05.02. до 27.02.2022 .) и ,,KFOR 31” (30.09.- 24.10.2022) во Р. Германија;
- Учество на вежбата ,,Viking 22“ во Кралството Шведска 27.03-07.04.2022;
- Учество на вежбата ,,EFES 22” , во Измир, Р. Турција (CPX- 05.05. – 19.05.2022. и LIVEX 20.05.-10.06.2022.);
- Учество на вежбата „Saber Junction“ во Хофенхелс, Р. Германија (28.08. – 21.09.2022);
- Учество на вежбта „TALOS – 22“ во Р. Грција (08.11-18.11.2022);
- Медицинска вежба ROLE 1 во Дес Мојнес, Ајова – САД со мед.вод/кч/2.пб (31.07.- 13.08.2022);
- Учество на вежба „TALOS-22“ во период од 08.-18.11.2022 во кампот „Damiancu“ Аргироуполи, Кукуш, Р. Грција;
- Учество на вежбата „КФОР 29“ во Германија;
- Учество на вежбата „Disaster Relief Military Mobility Exersize 21“, во Република Словенија;
- Учество на вежбата „Golden fleece“ во Р. Грција;
- Учество на вежбата „Adriatic airweek“ во Р. Словенија;
- Учество на вежбата „DINAMIC FRONT19“ во СР. Германија во период од 22.02-10.03.2019 година;
- Учеството на вежбата „PLATINIUM WOLF“ во период од 06.05-10.05.2019 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „LOGDEV 19“ во период од 05.05-17.05.2019 година во Грузија;
- Учество на вежбата „PLATINIUM WOLF“ во Р. Србија во период 02.06-19.06.2019 година;
- Учество на вежбата “STRIKE BACK-19“ во Р. Бугарија во период од 06.06-21.06.2019 година;
- Учество на вежбата „ALBANIAN EFFORT-19” во Тирана Албанија во период од 08.09. до 17.09.2019 година;
- Учество на персонал на вежбата на вежбата „SABER JUNCTION” во Р. Германија во период од 10.09. до 30.09.2019 година;
- Учество на персонал на вежбата „BALKAN BRIDGEST” во Р. Бугарија во период од 29.09. до 05.10.2019 година;
- Учество на к-дантот на 1.пбр на меѓународна вежба „COOPSEC” во Р. Унгарија во период од 14.10. до 17.10.2019 година;
- Учество на НШ/1.пбр на вежба „MILEX-19” во Лариса Грција во период од 06.11. до 07.11.2019 година;
- Учество на вежбата „MEPLE ARCH” во Житомир, Украина во период од 28.10. до 08.11.2019 година;
- „EFES 2018“ во Турција вежба на командно место (CPX) како дел од вежбата „EFES 2018“ во период од 10.04. до 20.04.2018 година во Измир, Р. Турција со четворица штабни офицери;
- Учеството на вежбата „EFES 2018“ – жива теренска вежба во период од 20.04. до 11.05.2018 година во Р. Турција;
- Учество на „VIKING 18“ Шведска и Србија од 12.04. до 26.04.2018 година;
- Учество на вежба „Eagle VI“ во Р. Косово во период од 03.05 до 12.05.2018 година;
- „Balcan Response 18“ во Р. Србија во период од 20.05 до 26.05.2018 година, на наведената вежба учествуваа дванаесет припадници од нашата единица;
- Учество на вежба „Saber Strike18“ во Р. Полска во период од 24.05 до 15.06.2018 година, на наведената вежба учествуваа осум припадници од нашата единица;
- Учество на вежба за млади во Р. Црна Гора во период од 16.07 до 29.07.2018 година;
- Учество на вежба „REGEX 18“ во Белград, Србија во период од 14.10 до 19.10.2018 година;
- Учество на вежба „МAPLE ARCH 18“ во Вилнус, Литванија во период од 09.10 до 13.10.2018 година;
- Учество на вежба „ Anaconda 16“ во Полска во период од 16.06 до 18.06.2016;
- Учество на вежба „VILIGANT GUARD“ во Вермонт, САД, во период од 26.07 до 02.08.2016;
- Учество на вежба„IMMEDIATE RESPONSE 16“ во Постојна, Република Словенија и Република Хрватска, во период од 08.09 до 22.09.2016 година;
- Учество на вежбата „CAMBRIAN PATROL 16-CP16“ во Велс, Велика Британија, во период од 20.10 до 23.10.2016 година;
- Учество на вежбата „ REGEX-16“ во Босна и Херцеговина ,во период од 23.10 до 27.10.2016 година;
- Учество на вежбата „SEVEN STARS 16“ во Република Грција,во период од 23.10 до 03.11.2016 година;
- Учество на вежбата „Anaconda“ во периодот од 6 до 18.06.2016 година во Р. Полска;
- Учество на вежбата „Balkan Bridges 15“ во периодот од 23 до 27.11.2015 година во Р. Бугарија;
- Учество на вежбата „Trident Junction 15“ во периодот од 2 до 16.10.2015 година во Р. Шпанија;
- Учество на вежбата „Immediate Response 15“ во периодот од 9 до 21.09.2015 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Balkаn Response 15“ во периодот од 25 до 30.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „LOGEX 15“ во периодот од 5 до 15.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „Saber Juncture 15“ во периодот од 3 до 30.04.2015 година во СР Германија;
- Учество на штабна вежбата „Seven Stars 14“ во периодот од 2 до 12.12.2014 година во Р. Грција;
- Учество на вежбата „Immediate Response 14“ во периодот од 16 до 30.08.2014 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Platinum Wolf 15“ во периодот од 16 до 29.11.2014 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата на командно место „REGEX 14“ во периодот од 21 до 24.10.2014 година во Р. Турција;
- Учество на симулациона вежба „SEESIM“ во периодот од 22 до 27.09.2014 година во Р. Грција;
- Учество на ситуациона теренска вежба „Combined Endeаvor 14“ во периодот од 25.08. до 12.09.2014 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Брз Лав“ во периодот од 2 до 13.06.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Platinum Eagle 14“ во периодот од 13 до 23.05.2014 година во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Viking 14“ во периодот од 31.03. до 11.04.2014 во Шведска;
- Учество на вежбата „Active Lion 14“ во периодот од 16 до 24.01.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Mission readiness 2013“ во периодот од 2 до 18.12.213 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Black see rotation force 2013“ во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Immediate response-13„ во периодот од 18.08. до 01.09.2013 година во Р. Хрватска;
- Учество на мултинационалната вежба „Rapid Trident 12“ во периодот од 14 до 28.07.2012 година на полигонот Јаворив, Р. Украина.
Со определбата на Република Македонија за приклучување кон НАТО, 1.мпбр декларираше средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во базенот на сили согласно концептот за оперативни способности на НАТО, за учество во мировните мисии предводени од НАТО.
Според проектот за развој на ЕУ-БГ 2/2012 средната механизирана пешадиска чета од 4/1.мпбр после успешно завршените оценувања, постигна потполна интероперабилност и е во готовност за извршување на операции за превенција на конфликти.
1.пбр со една пешадиска чета од составот на 2.мпб и инженериски патен и пионерски вод од составот на инжб зема учество и во проектот „SEEBRIG“.
Мисии надвор од Република Македонија:
- И во текот на 2022 година 1.пбр даде свој придонес преку учество со свој персонал во НАТО предводените мисии „КФОР“ во Косово, „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, „eFP“ во Р. Латвија и „мисијата предводена од ЕУ „EUTM RCA“ во Централноафриканска Република, за што во текот на годината се реализираа по 2 (две) ротации на контингенти. Успешно извршените задачи во мировните операции укажува на фактот дека припадниците од составот на 1.пбр со својата обученост и оспособеност се интероперабилни со припадниците на останатите армии – членки на НАТО.
- мпбр, во текот на 2019 година, учествуваше во контингенти за извршување на операцијата за поддршка на мирот „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан кои беа упатени во составот на штабните старешини на главната команда на „Одлучна поддршка“, во водот за обезбедување на главната команда и мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
- Во 2017 година, 1.мпбр, во месеците јануари и јули, учествуваше во 1 (една) ротации на контингенти за извршување на операцијата за поддршка на мирот „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан
- Носител на единицата за заштита на сили во главната команда на „Одлучна поддршка“, Кабул, ИР Авганистан, во периодот јуни 2018 – декември 2018 – година беше командата на 1.мпб, а од составот на 1.мпбр
- мбпр од јануари 2003 до декември 2014 година учествуваше со 24 ротации на контингенти во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан. Од јануари 2006 година до декември 2014 година бригадата учествува во мировната операција „ИСАФ“ со една механизирана пешадиска чета со задача: обезбедување на главната команда на „ИСАФ“ во Кабул, ИР Авганистан;
- Од декември 2014 1.мпбр учествува со 3 ротации на контингенти во мировната операција „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан со јачина на еден вод;
- мпбр учествуваше во 3 ротации во операцијата за поддршка на мирот „Слобода за Ирак“ Р. Ирак со јачина од еден вод;
- Во периодот од 2008 година персонал од составот на 1.мпбр учествуваше како штабен персонал во мировните операции ОМЛТ-1, ОМЛТ-2, КОСА-главен град и КОСА-север во ИР Авганистан;
- Учество на персонал од составот на 1.мпбр во мировните операции: „ЕУФОР-АЛТЕА“ Босна и Херцеговина и „УНИФИЛ“ Либан.
Во изминатиот период 2246 припадници од составот на 1.пбр учествувал во мировни операции надвор од територијата на РСМ.
Врз основа на одлуката на Владата на Република Северна Македонија, состав од 100 армиски припадници од 1.пбр на 10.08.2023 година заминаа во Република Словенија каде се ангажираа во еден од реоните на најповеќе погодените подрачјата од катастрофалните поплави, кои се случија во Словенија.
Со почетокот на „мигрантската криза“ 1.пбр зема активно учество со асистенција и испомош на единиците на МВР во обезбедувањето на државната граница. Единиците од составот на бригадата беа вклучени во изградбата на безбедносна ограда во вкупна должина од 30 км на јужната граница.
На 07.08.2016 година на седница на Владата беше донесена одлука за прогласување на кризна состојба во подрачјата зафатени од поплавите и ангажирање на единиците на Армијата во справување со последиците од елементарната непогода, по што од составот на 1.мпбр веднаш се формирани и упатени СИЛИ за ЗАДАЧА (СЗ) и задејствуван е ОПЕРАТИВЕН ШТАБ во реонот на с. Стајковци со мисија со дел од своите капацитети и придодадените единици од составот на Армијата, почнувајќи од 07.08.2016 година, се ангажира во справување и отстранување на последиците предизвикани од елементарните непогоди. и да асистираат на цивилните структури во поддршка и помош на цивилното население во Скопскиот и Тетовскиот кризен регион (Операција „БУРА“).
Во изминатиот период бригадата активно учествуваше во разни хуманитарни акции и акции за справување со временски неприлики и природни катастрофи со кои се соочуваа граѓаните на Р. Македонија. Единиците на 1.мпбр земаа учество во санирањето на последиците од поплавите во Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Тетово и Пелагонија. Со изградбата на двата дрвени моста во с. Порој, Тетово припадниците на 1.пбр ја покажаа својата хуманост на дело. 1.пбр зеде учество и во санирањето на последиците од поплавите во Р. Србија во 2015 година.