
Мисија на ЛПБн:
Лесниот пешадиски баталјон претставува единица способна за употреба на сопствени лесни пешадиски единици за изведување на копнени тактички операции најчесто пешки или со лесно оклопни патролни возила кои би овозможиле основна заштита, тактичка и оперативна мобилност.
Листа на суштински задачи на мисијата на 2.пб:
- Унапредување и развој на персоналниот менаџмент, разузнавањето, контразузнавањето, безбедноста и заштитата на сили, организацијата, подготовката и спроведувањето на оперативните способности и борбената готовност, логистичката поддршка, обуката, финансиската поддршка и цивилно воената соработка;
- Планирање и изработка на документи за употреба на единицата или нејзини делови;
- Подигнување и одржување на нивото на борбена готовност;
- Поддрка на силите на МВР во справување со асиметрични закани;
- Поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
- Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
- Подготовка и обука на персоналот од декларираната единица.
Листа на суштински задачи на мисијата на ЛПБн:
- Изведување на широк спектар на тактички задачи со мобилност, без возила на терен и со ограничена моќ и заштита.
- Заштита на персоналот во возила од кинетички закани од орудија со мал калибар до 30 мм и шрапнели од артилериски гранати со калибар од 155 мм до 100 м.
- Брзо распоредување со сопствени сили и средства за транспорт.
- Административно тактичко распоредување со неоргански хеликоптери на сите терени со искористување на тактичката подвижност и брзината на реакција.
- Способност за извршување на задачи за обезбедување и заштита, како што е заштита на крилата при соочување со закана од слични и лесни сили.
- Дејство во улога на резерва, посебно ако се оперира на близок терен или се работи за лесни противнички сили.
- Делување како последователни сили за поддршка на тешки (механизирани) или средни (моторизирани) сили во текот на расчистување на теренот.
- Изведување на тактички задачи својствени на активностите за стабилност, особено оние кои се на терен како што се густи урбани и пошумени односно планински области.
- Употреба на органски сопствени огнени сили за уништување на лесни оклопни возила со ниво на заштита К-3 и пешадија на далечина до 800 м.
Потполковник Зоран Сумрачки
Потполковник Зоран Сумрачки е роден е роден на 23.07.1978 година во Делчево каде завршува основно и средно образование. Својата воена кариера ја започнува во 2001 година по 4 годишното школување на Воената Академија „Михаило Апостолски“ во Скопје. Како офицер од родот пешадија, неговата прва должност беше командир на вод во 1.мтбр во Штип. Во меѓувреме има завршено повеќе курсеви во земјата и странство од доменот на мировни операции, од кои позначаен е курсот за операции за поддршка на мирот, во Вишков Р. Чешка и курсот за воени набљудувачи на Обединетите Нации, во Анкара, Р. Турција.
Неговото следно назначување на повисока должност беше во 2008 година како командир на механизирана пешадиска чета во состав на 1.мпбр, единица декларирана во бригадата за југоисточна Европа, позната како SEEBRIG, каде Армијата и РСМ активно учествува и денес. За време на овој период како командир на чета има учествувано на повеќе вежби од програмата „Седум Ѕвезди“ организирани од командата на SEEBRIG.
Неговото следно поставување на должност беше во 2013 година како офицер за оценување во Ј-7/ЗОК. Во рамки на оваа должност завршува курс за оценувачи согласно Концептот за оперативни способности, евалуација и повратна информација.
Во 2014 година го продолжува своето воено образование на Командно-штабната Академија во рамки на Воената Академија „Михаило Апостолски“ во Скопје, каде во 2015 година завршува специјализација за командно штабни должности.
Во 2017 година го завршува курс за оценување на борбена готовност на копнени команди и единици на НАТО (CREVAL) и оттогаш е сертифициран НАТО оценувач.
Од ноември 2020 година до денес ја извршуваше должноста Началник и офицер за планирање на вежби во одделението за вежби и оценување во Ј-7 во Командата за операции. Во рамки на оваа должност учествува во планирање и реализација на вежбите и оценувањата во земјата и странство. Бил Офицер со примарна одговорност на вежбите „Одлучен удар 19“ и „Одлучен удар 21“, како и директор на вежбата „Блесок 22“ во рамки на која е реализирано оценување на лесниот пешадиски баталјон.
Во периодот од јуни 2006 – јануари 2007 година учествува во мировната мисија ISAF во ИР. Авганистан, како командир на вод во рамки првата единица, ранг чета што Армијата ја има испратено во мировна мисија. Единицата беше дел од контингентот на Обединетото Кралство.
Во период јули 2011 – јануари 2012 година повторно учествува во мисијата ISAF во ИР. Авганистан овојпат како командир на чета воедно командант на контингент.
Потполковникот Зоран Сумрачки досега има добиено повеќе парични награди и пофалници од МО и НГШ за остварените резултати во процесот на борбената обука и воспитување и придонесот во изградбата и развојот на Армијата.
Поседува НАТО медал “Non Article 5” за учество во мировната мисија ISAF во ИР. Авганистан од 2007, златна и сребрена значка на Армијата, како и бронзена значка за партнерство, соработка и координација. Спортот, посебно одбојка и планински велосипедизам му се пасија.
Течно говори англиски јазик.
Оженет е и татко е на 1 малолетно дете.
Претходни должности:
- 2001-2006 – Командир на 2. вод / 1.моторизирана чета,
- 2006-2008 – Командир на 1. вод, 1.механизирана пешадиска чета/2. Механизиран пешадиски баталјон,
- 2008-2012 – Командир на 1.механизирана пешадиска чета /2.пешадиски баталјон,
- 2012-2020 – Офицер за оценување во Ј-7/ Здружена Оперативна Команда,
- 2020-2023 – Началник на одделение за планирање на вежби/Команда за операции,
- 2023 – Командант на 2.механизиран пешадиски баталјон /1.пешадиска бригада.
Унапредувања:
- 07.2001 – потпоручник,
- 08.2002 – поручник,
- 09.2006 – капетан,
- 12.2012 – мајор,
- 12.2016 – потполковник.

Единицата постои од самото формирање на АРМ.
Од 15.04.1992 година до 01.09.2000 година единицата беше 1.пешадиски баталјон како единица од 11.пбр., се до 1996 година кога го добива името „Скорпии“.
Од 01.09.2000 година 1 пешадиски баталјон е трансформиран во 2.пешадиски баталјон од 1 пешадиска бригада.
Од 02.04.2012 година е трансформиран според последната формациска структура.
Во периодот од формирањето до денес баталјонот има учествувано на 24 меѓународни вежби организирани за НАТО и членките на ПзМ со персонал и борбена техника на кои достојно ја репрезентираше АРМ и Република Македонија.
На 15-ти август 2011 година 2. механизиран пешадиски баталјон е одликуван со „Орден за воени заслуги“, доделена од страна на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Учество во мисии:
- COSSA GG, 2015;
- Декември 2014 – јули 2015: 2.мпб;
- Јануари 2013 – јули 2013: 2.мпч;
- OMLT јануари 2012 – јули 2012;
- Јули 2011 – јануари 2012: 1.мпч;
- ALTEA Јануари 2010 – јули 2010;
- OMLT, јули 2009 – јануари 2010;
- ALTEA, јануари 2009 – јули 2009;
- Јануари 2009 – јули 2009: 3. мпч;
- Јануари 2008 – јули 2008: 2. мпч;
- Јуни 2006 – јануари 2007: 1. мпч.
2008, Интензивен период на обука и самооценување за СЕЛ-1 и НЕЛ-1.
2009, Самооценување за СЕЛ-2.
Единицата е обучена на НИВО-2 според НАТО оперативниот концепт на способности.
Активностите за обука се реализираат според Годишниот План, календар на активности за тековната година.
На вежбата „Македонски Блесок 05“ баталјонот изврши самооценување НИВО-2 на декларираниот Среден пешадиски баталјон.