Мисија:
Обезбедување со точни, навремени и проверени информации за непријателот и борбеното поле, безбедност и сигурност во зоната на одговорност и борбено-сервисна и сервисна поддршка на командата на бригадата и ППЕ во услови на мир, кризна состојба и војна.
Задачи:
- Физичко обезбедување на КМ и контрола на територијата;
- Учество во борба против ДТГ;
- Обезбедување на информации за непријателот и борбеното поле;
- Контрола на спроведувањето на законските норми и регулативи;
- Логистичко обезбедување на командата и штабот за нормален живот и работа во војна и мир;
- Снабдување и транспорт на командата и штабот на 1.пбр.
Поручник Кристијан Спасеноски
Поручник Кристијан Спасеноски е роден во 1996 година во Кичево. По завршувањето на средното образование во О.С.У. „Мирко Милески“ во Кичево, продолжува со образованието во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде во 2018 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Кичево како командир на минофрлачки вод. Втора должност му е командир на вод на Воена Полиција во штабна чета во 1пбр. каде е поставен од 11.01.2021 година. На 19.12.2022 е поставен за командир на штабна чета во 1пбр. Во досегашната кариера има учествувано и завршено повеќе курсеви и вежби.
Завршени курсеви, семинари и обуки:
- Курс за командири на водови – Р. Северна Македонија, AП „Криволак“ 2018 година.
- Учество на воен камп во Црна Гора за основна обука за преживување и алпинизам.
- Артилериски семинар во Прилеп 2019 година.
- Артилериски семинар во Прилеп 2020 година.
- Обука за процесот на планирање на обуката (8 Step training model) со припадниците на 4.SFAB од САД во Штип.
- Завршен BOLC “Ordnance“ во САД.
Вежби:
- Заменик командир во делот на заштита на сили на вежбата „Одлучен удар 19“ – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2019 година.
- Командир на заштита на сили одговорен за силите сместени во Криволак на вежбата „Одлучен удар 21“ – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2021 година.
Награди и пофалби:
- Пофалница и еден ден наградно отсуство од Командантот на 4.пб., Кичево во 2019 година.
- Пофалница од Командантот на 1.пбр., Петровец во 2021 година.
- Плакета за благодарност доделена од страна на Командантот на SEEBRIG во 2021 година.
- Парична награда од страна на Министерката за одбрана по повод гаснење на пожари во 2021 година.
- Пофалба и седум дена наградно отсуство од страна на Началникот на ГШ во врска со воената парадата на Армијата организирана на 8 септември 2021 година.
- Пофалба и три дена наградно отсуство од страна на Командантот на 1.пбр. во врска со добриот остварен резултат на Ренџерските игри во 2021 година.
Претходни должности:
- Командир на втор минофрлачки вод, во минофрлачка батерија, во 4пб.
- Командир на вод воена полиција во Штабна чета / 1.пбр.
Унапредување:
- Потпоручник 2018-2020 година.
- Поручник 2020 година.
Познавање на странски јазици:
- Англиски
- Германски