Персоналот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) покрај учеството на најголемата национална вежба „Одлучен удар“ организирана од нашата Армија на полигонот „Криволак“, активно учествува и на вежби надвор од Република Северна Македонија.
На воениот полигон во близина на Врање во Република Србија, на меѓународната теренска вежба „PlatiniumWollf“ од 01.06 до 18.06.2019 година, учествува 3.механизиран пешадиски баталјон со едно пешадиско одделение и пет штабни офицери од составот на 1.мпбр, додека пак припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон, со еден пешадиски вод и тројца старешини учествуваат на вежбата ,,Strike Back 19“ во Република Бугарија, која се реализира во период од 06.06 до 21.06.2019 година.
Учеството на овие меѓународни вежби игра важна улога во зајакнувањето на заедничката безбедност. Припадници од 1.мпбр рамо до рамо вежбаат со останатите армии во соседството, споделувајќи ги своите знаења и размена на искуства помеѓу армиите на земјите учеснички преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на реализацијата на споменатите вежби.
ГЃ/СМ/ЧС