На ден 06.03.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и дел од потчинетите команди и единици по повод 8ми Март – Ден на жената традиционално се организира прием на припадничките од женскиот пол од страна на командантите на единиците .
На припадничките од женскиот пол им беше оддадено признание за професионализмот во извршувањето на задачите, а воедно со симболично доделување по една роза се искажа и почит кон улога која ја имаат жените и надвор од воената организација.
По приемите одбележувањето на овој ден продолжи со организирани прошетки согласно програмите на секоја од командите и единиците.
За припадничките од ЗОК се организираше посета на историскиот локалитет „Стоби“ по што следуваше заеднички ручек на Велешкото езеро, Воздухопловната бригада организира посета и заеднички ручек на Шар Планина, додека во бригадата за Логистичка Поддршка, дел од единиците од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, батајонот на воена полиција и баталјонот за врски денот на жената го одбележаа во просториите на командите и единиците.
Залагањето за еднакви родови можности претставува потврда за искористување на потенцијалите на сите припадници на АРМ, недискриминирани по ниту една основа, воедно и исполнување на стандардите кои постојат во земјите членки на НАТО.