Во периодот од 7 до 10 март, 2016 година во Центарот за обука на вода во Охрид се одржа иницијалната планирачка конференција за претстојната вежба „Македонски Блесок 12“ која е планирана да се реализира во центарот за обука „Пепелиште„ и на армискиот полигон „Криволак“ во периодот од 1 до 7 октомври годинава.
Цел на вежбата „Македонски Блесок 12“ е да се обучат и оценат интероперабилноста и можностите на декларираната Ренџерска чета за операции предводени од НАТО кои не се опфатени со членот 5 од повелбата на НАТО, а се во комплексно безбедносно опкружување.
Конференцијата започна со брифинг каде беше презентирано што до сега е завршено и во која етапа се наоѓа планирачкиот процес, воедно беа дадени насоки за работа.
Документите кои требаше да се изработат на оваа конференција беа успешно изработени и презентирани на директорот на вежбата потполковник Емини Бесник кој истите ги одобри и го најави следниот чекор т.е. Работилница за изработка на оперативен план која ќе се реализира во полкот за Специјални Операции во месец мај.