Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции со своите колеги од специјалните сили на Р. Албанија и Р. Бугарија учествуваа на трилатералната вежба „Joni 19“.
Во изминатите десетина дена во морнаричката база „Пашалиман“ во Валона, Р. Албанија нуркачки тимови од трите земји заедно вежбаа и реализираа поставени задачи. Една од целите на оваа заедничка вежба покрај соработката и размената на искуства беше и зајакнување на регионалното партнерство. Триесетината нуркачи кои учествуваа на вежбата се извежбуваа во различни бординг операции како и подводни активности во дневни и ноќни услови.
Ваквите и слични вежби овозможуваат спремноста на единицата да биде секогаш на највисоко ниво, воедно и да се зајакнат пријателските врски со колегите од останатите држави.