Денес, 12 Јуни 2019 година, припадниците од втората пешадиска чета од средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) реализираа подготовка за утрешната офанзивна операција која ќе се реализира заедно со припадниците од армијата на САД на АП „Криволак“, во реон на Мушинци, додека припадниците од првата пешадиска чета од СПБГ имаа можност да се запознаат со дел од пешадиското вооружување на армијата на САД воедно беше реализирано гаѓање со автоматски фрлач на гранати 40 милиметри МАРК-19, митралез 12,7 милиметри и митралез М-240 7.62 милиметри на артилериското стрелиште во АП „Криволак“.
Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ командата на мултинационалната бригада одржа комбинирана проба на операцијата на која што присуствуваа командантите на СПБГ, командантот на 1-111 од националната гарда, нивните началници на секциите за операции, како и нивните командири на чети. Со ова беше извршена последната синхронизација на операцијата по фази на реализација. После ова проба на ниво на мултинационална бригада командантите реализираат иста ваква проба на ниво баталјон по што започнуваат комбинираните вежби.
ИН/ЗД