Мисија:
Обезбедување со точни, навремени и проверени информации за непријателот и борбеното поле, безбедност и сигурност во зоната на одговорност и борбено-сервисна и сервисна поддршка на командата на бригадата и ППЕ во услови на мир, кризна состојба и војна.
Задачи:
- Физичко обезбедување на КМ и контрола на територијата;
- Учество во борба против ДТГ;
- Обезбедување на информации за непријателот и борбеното поле;
- Контрола на спроведувањето на законските норми и регулативи;
- Логистичко обезбедување на командата и штабот за нормален живот и работа во војна и мир;
- Снабдување и транспорт на командата и штабот на 1.пбр.
Поручник Филип Младеновски
Поручник Филип Младеновски е роден во 1997 година во Куманово. По завршувањето на средното образование во С.О.У. „Гоце Делчев“ во Куманово, продолжува со образованието во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде во 2020 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Куманово како командир на вод за огнена поддршка во минофрлачка батерија. Втора должност му е командир на вод во чета за логистичка поддршка во 1.пб/1.пбр. Од 03.08.2023 година поставен е на должност офицер за градежно оддржување, воедно офицер за безбедност и заштита при работа во С-4/бБСП/1.пбр. Во периодот од 29.11.2024 година до 30.05.2025 година упатен е во мировна операција „АЛТЕА“ во БиХ на должност командир на вод. На 23.06.2025 година е поставен за командир на командна чета/1.пбр. Во досегашната кариера има учествувано и завршено повеќе курсеви и вежби.
Завршени курсеви, семинари и обуки:
- Курс за командири на водови – Р. Северна Маекдонија, AП Криволак 2020 година.
- Артилериски семинар во артб/1.пбр во 2021 и 2022 година.
- Курс за држење брифинг на англиски јазик во ЦСЈ Илинден – 2024 година.
Вежби:
- Офицер за огнена поддршка во С-3/1.пбр на вежба „Одлучен удар 21 “ – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2021 година.
- Синдикат за копнени операции на вежба „Брз одговор 22” – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2022 година.
- Офицер за протокол на вежба „Блесок 22“ – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2022 година.
- Офицер за протокол на вежба „Одлучен удар“ – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2023 година.
- Офицер за протокол на вежба „Maple Arch 24“ – Р. Северна Македонија, Велес 2022 година.
Награди и пофалби:
- Пофалница од МО во 2021 година.
- Пофалница од Командантот на 1.пбр во 2022 година.
- Пет дена наградно отсуство од Министер за одбрана во 2022 година.
- Пет дена наградно отсуство од НГШ во 2022 година.
- Еден ден наградно отсуство од командантот на 1.пб/1.пбр во 2022 година.
- Три дена наградно отсуство за освоени 300 бода ПФП во 2022 година.
- Три дена наградно отсуство за освоени 300 бода ПФП во 2023 година.
Претходни должности:
- Командир на вод за огнена поддршка во минофрлачка батеријa во 1.пб/1.пбр.
- Командир на вод во чета за логистичка поддршка во 1.пб/1.пбр.
- Офицер за градежно оддржување воедно офицер за безбедност и заштита при работа во С-4/бБСП/1.пбр.
- Командир на командна чета/1.пбр.
Унапредување:
- Потпоручник 2020 – 2022 година
- Поручник 2022 година
Познавање на странски јазици:
- Англиски јазик СТАНАГ 3.3.3.3.
- Француски јазик (основно ниво)
