
Мисија:
Изведување на операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија,со дејство со МВР во граничното обезбедување, поддршка на цивилите власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи, како и учество во мировни и хуманитарни операции надвор од државата.
Листа на суштински задачи на мисијата:
- Изведување на офанзивни и дефанзивни операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката;
- Со дејство со МВР во граничното обезбедување;
- Поддршка на цивилите власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи;
- Учество во операции за поддршка на мирот и хуманитарни операции надвор од Републиката;
- Тревожење на единиците, движење и транспорт и брзо распоредување и поседување на места, реони, позиции и правци;
- Контрола на територијата, затворање на правци и обезбедување на реони;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко – технолошки катастрофи и други несреќи;
- Учество во мировни операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти надвор од територијата на Републиката и заштита на пошироките интереси на Републиката.
Потполковник Миле Станоевски
Потполковник Миле Станоевски е роден на 17.07.1981 година во Штип. Основно образование завршува во Пехчево, а средно во Скопје. Својата војничка кариера ја започнува во 2004 година, по завршувањето Воена Академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје, како офицер на родот пешадија, како командир на тим во Ренџерскиот баталјон во Полкот за Специјални операции.
Кариерата ја продолжува како командир на вод во чета за длабинско набљудување. Неговото следно поставување е офицер за обука и вежби во С-3 секцијата. Во тој период завршува повеќе курсеви и обуки, како во земјата, така и во странство, од кои позначајни се: Основен курс за специјални единици, Курс за тактика на мали единици, Курс за длабинско набљудување, Обука за комуникација во кризи, Меѓународен курс за штабни офицери во Словачка, Курс за инструктори за несмртоносно оружје, Курс за командири на чети, Курс за преживување во сите теренски и временски услови во Турција, Курс за оценувач на б/г според ОСС концептот во Германија, Курс за против-терористичка борба и Курс за борба во урбана средина. Неговото следно поставување на повисока должност е во 2015 година, како командир на чета. Активно учествува на сите активности и вежби на кои што учествува единицата во и во странство, преку командни или штабни должности. Во 2018 година завршува Курс за планирање на вежби, како и Курс за планинско војување во зимски услови во САД. Во периодот од 2021 2022 година дипломира на Командно-штабна Академија на одбранбен колец во Естонија. После дипломирањето е поставен како Офицер за планирање во Извидувачко Разузнавачки Баталјон, а од 2023 година како началник на С-3/7.
Потполковник Миле Станоевски е добитник на повеќе стимулативни мерки како пофалници, сертификати и наградни отсуства. Носител е на бронзена, сребрена и златна значка на Армијата. Поседува сертификат за познавање на Англиски јазик по СТАНАГ 6001 со степен 2+.3.3.3. Има основни познавања од Францускиот јазик. Оженете и е татко на едно малолетно дете.
Претходни должности:
2004-2007 Командир на 3.тим во 2. Ренџерска чета/Ренџерски баталјон/Полк за Специјални Операции
2007-2013 Командир на вод во Чета за длабинско набљудување/ Ренџерски баталјон/Полк за Специјални Операции
2013-2015 Офицер за обука и вежби/ С-3/Ренцерски баталјон/Полк за Специјални Операции
2015-2017 Командир на Командна чета/ Ренџерски баталјон/Полк за Специјални Операции
2017-2021 Командир на 2. Ренџерска чета/ Ренџерски баталјон/Полк за специјални операции
2022-2023 Офицер за планирање С-3/Извидувачко-Разузнавачки баталјон/Команда за Операции
2023-2025 Началник на С-3/7/Извидувачко-Разузнавачки баталјон/Команда за Операции
Унапредувања:
2004 – потпоручник
2008 – поручник
2011 – капетан
2016 – мајор
2025 – потполковник

Баталјонот ги продолжува традициите на 15-та Поречка бригада која е формирана на 27 август 1944 година во с. Брезница, Македонски Брод. Со одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорѓе Иванов, 27 Август е определен за ден на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб).
До 2006 година е преименуван како 1.пешадиски баталјон во 2.пешадиска бригада.
Од април 2006 година е преименуван како 1.механизиран пешадиски баталјон во состав на 2.механизирана пешадиска бригада.
Од мај 2012 година, согласно новата формациска поставеност на единиците во АРМ, баталјонот е преименуван во 3.механизиран пешадиски баталјон и е во состав на 1.мпбр.
Од ноември 2019 година, согласно новата формациска поставеност на единиците во АРМ, баталјонот е преименуван во 3.пешадиски баталјон и е во состав на 1.пбр.
На 18ти Август, 2020 година, по повод Денот на Армијата, од страна на Претседателот и врховен командант, Н.Е. Ѓорѓе Иванов на командантот на 3.пб му беше врачено одликување „Орден за воени заслуги“;
Во текот на постоењето на баталјонот, голем број од персоналот активно взел учество во операциите за поддршка на мирот и превенција на конфликти кои се предводени од НАТО, како што се учество во мисијата „ИСАФ“, „Слобода за Ирак“, „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, „Алтеа“ во Босна, „КФОР“ во Косово, „еVA Романија“, „eVA Бугарија“, „eFR Латвија“, „Либан“.
Персоналот од 3.пб има учествувано во следните меѓународни операции:
- КФОР, Косово, 2024
- Алтеа, Босна, 2024
- eVA, Романија, 2024
- eVA, Бугарија, 2024
- eFP, Латвија, 2023
- Алтеа, Босна, 2023
- КФОР, Косово, 2023
- еVA, Романија, 2023
- КФОР, Косово, 2022
- Алтеа, Босна, 2022
- еVA, Бугарија, 2022
- КФОР, Косово, 2021
- КФОР, Косово, 2020
- Одлучна поддршка, 2020
- Либан, 2020
- Одлучна поддршка, 2019
- Одлучна поддршка, 2018
Персоналот од 3.пб активно учествуваше на повеќе меѓународни воени вежби:
- Меѓународната воена вежба „Анаконда-16“ во Р. Полска во период од 07-17.06.2016 година.
- Меѓународната воена вежба „Mission Readness“ во СР. Германија во период од 02-18.12.2013 година.
- Меѓународна воена вежба „Coperative Longbow LANCER“ 2009 во Р. Грција.
- Меѓународната воена вежба „SEA BREEZE“ во Р. Украина во 2007 година.