
Мисија:
Организација на силите за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, независноста и суверенитетот на Републиката, асистенција на силите на МВР во справување со закани по безбедноста на Републиката и поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други организации и институции и граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи во зоната на одговорност.
Учество и спроведување на операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи и придонес во справување со регионални конфликти и кризи и заштита на пошироките интереси на Републиката.
Листа на суштински задачи на мисијата:
- Тревожење на единиците, движење и транспорт и брзо распоредување и поседнување на места, реони позиции и правци;
- Планирање, организација и изведување на офанзивни и дефанзивни операции и операции во урбана средина;
- Контрола на територијата, затворање на правци и обезбедување на реони;
- Борбено-сервисна поддршка на единиците во мирновремени, кризни и воени услови;
- Спроведување на командување и контрола;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи;
- Учество во мировни операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти надвор од територијата на Републиката и заштита на пошироките интереси на Републиката;
- Планирање и изведување на обука на персоналот од штабовите и единиците според НАТО стандарди и процедури и обезбедување на потполна имплементација на системот за менаџмент со обуката и развој на лидери-инструктори за обука.
Потполковник Зоранче Ристовски
Потполковник Зоранче Ристовски е роден 21.05.1971 година во Битола. По завршување на средното образование во Битола продолжува на технички факултет, машински смер во Битола, а потоа продолжува со воено образование на Воена Академија во Скопје на стручно оспособување каде е произведен во офицерски чин. Магистерски студии завршил на техничкиот факултет во Битола.
Воената кариера ја започнува како командир на вод. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни, командантски должности на ниво на баталјон и началник на секција за развој и упатства во Команда за обука и доктрини, а од 26.03.2024 година е поставен за командант на 1. пешадиски баталјон.
Има завршено повеќе курсеви од областа на обука, оценувањето, мировни мисии и други. Учествувал на повеќе воени вежби како во Републиката така и во странство, а во текот на 2008 година во мировна операција за поддршка на мирот ISAF во Република Авганистан и во 2015 – 2016 година учествува во мисија UNIFIL во Либан.
Во надградување на образованието има завршено магистерски студии завршил на техничкиот факултет во Битола. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, НАТО медал за учество во мировна операција за поддршка на мирот ISAF во Република Авганистан, медал за учество во мировна операција на Обединети нации UNIFIL во Либан, мала златна плакета на Армијата од НГШ на Армијата, парична награда, како и наградни отсуства од НГШ на Армијата, команданти на бригада и команданти на баталјон. Ниво на познавање на англиски јазик станаг 2+,2+,2+,3. Брачна состојба, женет и татко на две деца.
Претходни должности:
• Командир на самостоен вод во 2.логистичка база од 1998-2006;
• Офицер за планирање Г-3/Команда за обука во 2006,
• Офицер за одржување Г-4/Команда за обука од 2006-2011,
• Офицер за набавка Г-4/Команда за обука и доктрини од 2011-2012,
• Командир на логистичка чета од 2012-2014,
• Началник на штаб-заменик на командант на 2.логистички баталјон од 2014-2019,
• Командант на логистички баталјон од 2019-2023,
• Командант на 1.пешадиски баталјон 2024.
Унапредувања:
• поручник 1998-2000,
• капетан 2000-2012,
• мајор 2012-2016,
• потполковник 2016.

1.пешадиски баталјон (1.пб) ги продолжува традициите на Кичевско Мавровскиот партизански одред кој преку баталјонот „Мирче Ацев“, влегува во состав на 1. Македонско-Косовска ударна бригада. Единицата ги негува традициите на историското минато и ги прославува со воени свечености „21 Мај – Ден на единицата“ и „29 Јуни“ – патронат, односно денот на загинувањето на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“, чие име го носи касарната во гарнизонот Кичево.
Сегашниот 1.пб е формиран во првата половина на 2012 година, како 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) и истиот е пополнет од персоналот на поранешните 2.механизиран пешадиски баталјон од гарнизон Охрид и 2.механизирана пешадиска бригада од гарнизон Кичево, која претходно од формирање на Армијата па се до април 2006 година, функционираше како 13.пешадиска бригада.
Во месец Октомври 2020 година 4 (мпб), е преименуван во 4.пешадиски баталјон (4.пб), и согласно трансформација на единиците во Армијата која отпочна во месец јули 2023 година, 4.пб е преименуван во 1.пб.
Во текот на постоењето на баталјонот, голем број од персоналот активно зел учество во операциите за поддршка на мирот и превенција на конфликти кои се предводени од НАТО, како што се учество во мисијата „ИСАФ“, „СЛОБОДА за ИРАК“, „АЛТЕА“ „УНИФИЛ“ „КФОР“ и учество на голем број меѓународни вежби.
Персонал од 1.пб имаат учествувано во мировни мисии и тоа:
- ИСАФ: јануари 2012 – јули 2012 – 13 лица;
- ИСАФ: јули 2012 – јануари 2013 – 63 лица;
- АЛТЕА: ноември 2012 – мај 2013 – 1 лице;
- ИСАФ: јануари 2013 – јули 2013 – 1 лице;
- ИСАФ: јули 2013 – јануари 2014 – 53 лица;
- АЛТЕА: декември 2013 – мај 2014 – 1 лице;
- ИСАФ: јануари 2014 – јули 2014 – 21 лице;
- АЛТЕА: мај 2014 – ноември 2014 – 1 лице;
- ИСАФ: јули 2014 – јануари 2015 – 7 лица;
- Одлучна поддршка: јануари 2015 – јули 2015 – 2 лица;
- Одлучна поддршка: јуни 2017 – декември 2017 – 2 лица;
- Одлучна поддршка: јуни 2018 – декември 2018 – 3 лица;
- Одлучна поддршка: декември 2018 – јуни2019 – 3 лица;
- Одлучна поддршка: јуни 2019 – декември 2019 – 4 лица;
- Одлучна поддршка: мај 2020 – декември 2020 – 4 лица;
- КОСА: јуни 2020 – декември 2020 – 1 лице;
- КФОР: октомври 2020 – мај 2021 – 1 лице;
- Одлучна поддршка: ноември 2020 – јуни 2021 – 2 лица;
- Унифил: декемри 2020 – јуни 2021 – 2 лица;
- КФОР: мај 2021 – ноември 2021 – 1 лице;
- КФОР: август 2021 – февруари 2022 – 1 лице;
- КФОР: ноември 2021 – мај 2022 – 1 лице;
- КФОР: март 2022 – септември 2022 – 2 лица;
- АЛТЕА: мај 2022 – ноември 2022 – 1 лице;
- КФОР: ноември 2023 – мај 2023 – 1 лице;
- Унифил: јануари 2023 – јули 2023 – 1 лице;
- КФОР: февруари 2023 – август 2023 – 22 лица;
- КФОР: мај 2023 – декември 2023 – 8 лица;
- АЛТЕА: мај 2023 – декмври 2023 – 4 лица;
- КФОР: август 2023 – февруари 2024 – 1 лице;
- КФОР: ноември 2023 – мај 2024 – 1 лице;
- ЕВА Романија: декември 2023 – јуни 2024 – 3 лица;
- ЕВА Бугарија: декември 2023 – јуни 2024 – 2 лица;
- Унифил: февруари 2024 – септември 2024 – 1 лице;
- КФОР: февруари 2024 – август 2024 – 5 лица;
- АЛТЕА: мај 2024 – декмври 2024 – 2 лица;
- ЕВА Романија: јуни 2024 – декември 2024 – 1 лице;
- КФОР: август 2024 – февруари 2025 – 1 лице;
- КФОР: ноември 2024 – мај 2025 – 1 лице;
- ФЛФ Бугарија: декември 2023 – јуни 2024 – 19 лица;
- ФЛФ Романија: декември 2023 – јуни 2024 – 9 лица.
Персонал од 1.пб активно учествуваше на повеќе меѓународни воени вежби:
- Учество на вежбата „Immediate Response 12“ во Р. Хрватска во период од 25.05.2012 до 09.06.2012 година;
- Учество на вежбата „Wildflecken“ во Р. Германија во период од 29.05.2012 до 09.06.2012 година;
- Учество на вежбата „European Endevour 12“ во Р. Германија во период од 30.05.2012 до 07.06.2012 година;
- Учество на вежбата „Rapid Trident 12“ во Украина во период од 15.07.2012 до 26.07.2012 година;
- Учество на вежбата „Rapid Trident 12“ во периодот од 14 до 28.07.2012 година на полигонот Јаворив, Р. Украина;
- Учество на вежбата „Immediate response-13“ во периодот од 18.08. до 01.09.2013 година во Р. Хрватска;
- Учество на вежбата „Black see rotation force 2013“ во периодот од 08.05 до 23.05.2013 одина во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Active Lion 14“ во периодот од 16 до 24.01.2014 година во Белгија;
- Учество вежбата „Combined Endeаvor 14“ во периодот од 25.08. до 12.09.2014 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Immediate Response 14“ во периодот од 15 до 31.08.2014 година во Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Quik Lion 14“ во периодот од 3 до 12.06.2014 година во Сен Хубер, Кралство Белија; Учество на вежбата „Anaconda“ во периодот од 4 до 18.06.2016 година во Р. Полска;
- Учество на вежбата „Immediate Response 16“ во периодот од 8 до 22.09.2016 година во Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Platinium Eagle-1“ во периодот од 18.02 до 03.03.2017 година во Р.Романија;
- Учество на вежбата „Platinium Wolf 17“ во периодот од 12 до 23.06.2017 година во Р.Србија;
- Учество на вежбата „Platinium Lion 17-2“ во периодот од 30.07 до 11.08.2017 година во Р.Бугарија;
- Учество на вежбата „Efes-18“ во периодот од 10 до 21.04.2018 година во Р. Турција;
- Учество на вежбата „Maple Arch 2018“ во периодот од 9 до 13.10.2018 година во Р. Литванија;
- Учество на вежбата „Dinamic front 19“ во периодот од 22.02 до 10.03.2019 година во Р. Германија;
- Учество на вежбата „Strike Back 19“ во периодот од 06.06 до 21.06.2019 година во Р.Бугарија;
- Учество на вежбата „КФОР 28“ во периодот од 30.09 до 20.11.2020 година во Хохенфелс, Р.Германија;
- Учество на вежбата „First Adriatic regional airweek“ во периодот од 12 до 25.09.2021 година во Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Disaster Relief Military Mobility Exersize 21“ во периодот од 18 до 29.10.2021 година во Р. Словенија;
- Учество на вежбата „КФОР 30“ во периодот од 03 до 28.02.2022 година во Хохенфелс, Р. Германија;
- Учество на вежбата „Viking -22“ во периодот од 27.03 до 07.04.2022 година во Шведска;
- Учество на вежбата „КФОР 32“ во периодот од 31.05 до 23.06.2023 година во Хохенфелс, Р. Германија;
- Учество на вежбата „Saber Junction“ во периодот од 28.08 до 22.09.2023 година во Хохенфелс, Р. Германија.
Според проектот за развој на ЕУ-БГ 2/2012 средната механизирана пешадиска чета од 4.пб после успешно завршените оценувања, постигна потполна интероперабилност и е во готовност за извршување на операции за превенција на конфликти.
На 18ти Август, 2017 година, по повод Денот на Армијата, од страна на Претседателот и врховен командант, Н.Е. Ѓорѓе Иванов на командантот на 4.пб му беше врачено одликување „Орден за воени заслуги“;
Во текот на постоењето на баталјонот постојано се врши асистенција и поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и цивилните структури во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи.