
Мисија:
Да обезбеди висок степен на обученост и б/г на мирновремениот состав и биде во готовност за организација и извршување на задачи за абх поддршка за потребите на силите за брза реакција во сите услови.
Да подготви и изврши мобилизација на резервниот состав и да достигне целосна готовност за организација и извршување на задачи за абх поддршка за потребите на силите под команда на 1.пбр во извршување на борбените задачи во доделените зони.
Задачи:
- Обезбедување висок степен на обученост на старешините, војниците и единицата како целина за извршување на наменските задачи во мир и во услови на војна;
- Обука и извежбување на целокупниот состав на единицата во постапките на сигнал за тревога;
- Обука и извежбување на целокупниот состав на единицата во постапките при разместување во реон, со преземање на сите мерки на борбено обезбедување;
- Извршување на тактички работи и постапки на единиците за РХБ извидување при организација и изведување на НХБ контрола;
- Извршување на тактички работи и постапки на единиците за РХБ деконтаминација при организација и изведување на РХ деконтаминација на ж/с, оружје, ТС, м/в, земјиште и објекти.
Поручник Марија Михајловска
Поручник Марија Михајловска е родена на 31 јануари 2000 година, во Куманово. Со војничката кариера започнува во 2018 година како питомец на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде го гради својот воен и лидерски фундамент. По завршувањето на студиите во 2022 година како офицер од родот АБХО – потпоручник, продолжува да ја извршува службата со високо ниво на професионализам, дисциплина и посветеност кон мисијата и задачите на Армијата. Низ својот развоен пат се истакнува по одговорност, работна етика и способност за тимско и командно раководење. Започнува со својата работа како командир на 2. вод за РХБ деконтаминација во чАБХО. Во 2023 година станува командир на 2.мешовит вод за АБХО во чАБХО. Се произведува во чин – поручник во 2024 година. Активно учествува во обуки, тренинзи и воени активности насочени кон унапредување на оперативните способности, интероперабилноста и стандардите на Армијата на Република Македонија. Активно го користи англискиот јазик. До сега има учествувано на вежбите Immediate Response 2025, Saber Junction 2025, а исто така и на многу од АБХ курсевите со ДТРА – САД од 2022 до 2024 година. Има учествувано и на курс во Будимпешта, Унгарија – АEP-66 Bii Sampling and Identification of Biological Agents Training, Live Agent Training – Р. Чешка.
Има завршено и втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје – насока Безбедност и одбрана.








