Мисија и задачи

Мисија:
Пополна, дополнување и замена на активниот состав на Армијата, со цел зголемување на способностите на Армијата, заради одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија во случај на вооружен судир, воена состојба, поддршка на институциите на системот во случај на вонредна или кризна состојба и учество во меѓународни операции.
Задачи:
- Одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, во случај на вооружен судир или во случај на воена состојба;
- Оперативна употреба на единиците од активната резерва, односно нејзини делови;
- Оддржување на борбената готовност;
- Изведување на обука на вежбовни активности за достигнување и оддржување на потребното ниво на борбена готовност на целкупниот персонал од активната резерва;
- Креирање, чување, оддржување и надградба на потребните документи за водење и воспоставување на активната резерва;
- Административна поддршка за менаџирање со персоналот;
- Реализација ан мерки, активности и постапки за заштита на класифицираните информации;
- Организирање и преземање на мерки за спречување закани насочени кон единицата;
- Поддршка на институциите на системот во случај на вонредна или кризна состојба.
Командант
Полковник Ќиро Калков
Дата и место на раѓање:
05.09.1969 година во Скопје, Република Македонија.
Образование:
- Воена гимназија во Загреб, 1986-1988;
- ВА КоВ Белград, општа насока, 1988-1991;
- ВА КоВ Бања Лука, насока ОМЕ, 1991;
- Курс на Пепелиште, довршување на Воената Академија, 1992-1993;
- Курс за инструктори за КВ, 2000;
- Курс за командири на чети во Р. Франција, 2001;
- КША во Р. Франција, 2003-2004;
- Курс за воени набљудувачи на ОН во БиХ, 2006;
- Школа за национална одбрана, Париз, Франција 2008-2009.
Должности:
- Командир на моторизиран вод во гардиска бригада;
- Командир на Центар за обука на родот ОМЕ;
- Командир на тенковска чета во окбн Т-55;
- Началник на Штаб во окбн Т-72;
- Офицер за операции во окбн Т-72;
- Заменик на командантот на окбн Т-72 и НШ;
- Командант на окбн Т-72;
- Началник на одделение за операции, планирање и б/г во Г3/ЗОК;
- Началник на ОЦ во ЗОК;
- Началник на Ј5/ЗОК;
- Началник на Команда на резервни сили.
.
Унапредувања:
- 1993 година – потпоручник;
- 1994 година – поручник;
- 1998 година – капетан;
- 2001 година – капетан 1 класа;
- 2003 година – мајор;
- 2008 година – потполковник;
- 2014 година – полковник.
Познавање на странски јазици:
- Француски – СТАНАГ 3.3.3.;
- Англиски.
Структура
