
Мисија:
Одгледување и дресура на кучиња за различни намени како и оспособување на инструктори и војници за водачи на службени кучиња за потребите на Армијата.
Задачи:
- Одгледување, репродукција, нега и исхрана на службени кучиња;
- Изработка на Планови и Програми за изведување на дресура на службени кучиња за различни намени;
- Изведување на дресура на службени кучиња за различни намени (чувари, заштитни и кучиња за специјални намени);
- Стручно усовршување и оспособување на инструктори – водачи на службени кучиња за различни намени;
- Изведување на редресура на службени кучиња од единиците на Армијата;
- Обука на војници – водачи на службени кучиња.

Мајор Нади Бајрами
Со одлука на владата на РМ и МО во 1993 година формиран е Центарот за обука и дресура на службени кучиња (ЦОДК) со локација во Еребино.
- Во 2009 година со помош на донација од САД Центарот за обука и дресура на кучиња комплетно се реновира;
- Од 2006 година ЦОДК е во состав на Командата за обука Велес со локација во база на ЕБР во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје;
- Во јануари 1995 година Центарот се пополнува со службени кучиња од различни раси;
- Во 1994 година Центарот започнува да работи во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Центарот располага со 102 кучиња меѓу кои има раси на германски овчар, белгиски овчар, шарпланински овчар, лабрадор-ретривер и ротвајлер. Дел од овие кучиња земале учество со одредите за специјална намена на многубројни вежби.
Обуката во Центарот за одгледување и дресура на кучиња се реализира преку реализација на следните курсеви:
- Курс за обука на чуварски кучиња;
- Курс за обука на патролни кучиња;
- Курсеви за обука на кучиња трагачи:
– Обука на кучиња за откривање на експлозиви;
– Обука на кучиња за откривање на мини (делумно обучени, нема полигон за завршно тестирање);
– Обука на кучиња за откривање на лица при елементарни несреќи (во почетна фаза).
- Курсеви за обука на Водачи на службени кучиња (4 пати годишно).






