Екипи од команди и единици на Армијата на Република Северна Македонија и оваа година традиционално учествуваа на 15-тиот Интернационален отворен турнир во стрелаштво Гранд При „Скопје 21“ кој се одржува на спортското стрелиште „Камник“ во организација на Македонската Спортска Стрелачка Федерација.
Припадниците на Армијата, кои во континуитет ја демонстрираат својата подготвеност во дисциплините со лично вооружување, на годинешново натпреварување остварија забележителни резултати во гаѓање со пиштол на 25 метри, гаѓање со автоматска пушка 7,62 мм на 100 метри и гаѓање со полуавтоматска снајперска пушка на 100 метри.
Екипно машката екипа го освои првото место во дисциплината гаѓање со војничка пушка 7,9 мм на 100 метри, а во истата дисциплина главен наредник Томислав Гончев го освои првото место. Во женска конкуренција питомките од Воената Академија Мартина Стаменова и Милица Перишиќ ги освоија првите две места во дисциплината со пушка на 100 метри, а екипно се освои третото место во дисциплината гаѓање со пиштол на 25 метри.
На отворањето на 15-тиот Гранд При „Скопје 21“, се обрати командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини кој на учесниците им посака успех и постигнување на високи резултати за време на турнирот.
Македонската Спортска Стрелачка Федерација, која е организатор на оваа манифестација по завршување на натпреварувањето на учесниците им додели пехар и медали на најдобро пласираните екипи и поединци.