Капетан Кристијан Стојоски
Капетан Кристијан Стојоски е роден во 1996 година во Прилеп. По завршувањето на средното образование во О.С.У. „Мирче Ацев“ во Прилеп, продолжува со образованието во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде во 2019 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Петровец како командир на ракетен вод во баталјон за ПВО. Втора должност му е командир на вод во Ренџерски баталјон во 1 ренџерска чета во 1.пбр каде е поставен од 20.03.2020 година. На 01.09.2023 година е поставен како командир на вод за техничко разузнавање во чета за воено разузнавање во Извидувачко Разузнавачки баталјон. На 29.10.2024 година е поставен како извршен офицер во 2 пешадиска чета во 3 пешадиски баталјон. На 16.06.2025 година е поставен како офицер за обука и вежби во 1 пешадиски баталјон. На 29.12.2025 година е поставен за командир на чета за воено разузнавање во 1.пбр. Во досегашната кариера има учествувано и завршено повеќе курсеви и вежби.
Завршени курсеви, семинари и обуки:
- Курс за командири на водови – Штип 2019 година.
- Ренџерски курс – Скопје 2020 година.
- Курс за Деминирање ниво 1 – Скопје 2021 година.
- Курс за обука и војување во зимски услови – Кралство Норвешка, Елверум 2023 година.
- Курс за Деминирање ниво 2 – Скопје 2023 година.
- Инструкторски курс за Деминирање ниво 2 – Штип 2023 година.
- Инструкторски курс за Психолошки операции – Скопје 2022-2023 година.
- Курс за дизајнирање и моделирање на обуката – Велес 2025 година.
- Основен курс за лидери за психолошка поддршка и контрола на стрес при операции – Скопје 2025 година.
- Семинар за Меѓународно хуманитарно право и негова примена во одбраната и безбедноста – Скопје 2025 година.
Вежби:
- Командир на извидувачки вод на меѓународната вежба „Combined Resolve“ С.Р Германија, Хохенфелс 2023 година.
- Командир на тим на „Joint Combined Exchange Training“ со припадници на Marine Corps од В.С на САД, Р. Северна Македонија, Скопје 2023 година.
- ОC/T на тим за психолошки операции на меѓународната вежба „Saber Junction“ С.Р Германија, Хохенфелс 2025 година.
Награди и пофалби:
- Монета за најдобрите и три дена наградно отсуство од Командант на Ренџерски баталјон како прворангиран на Ренџерски курс – Скопје во 2020 година.
- Пофалница од НГШ на АРМ – Скопје во 2021 година.
- Парична награда од страна на Министерката за одбрана по повод гаснење на пожари во 2021 година.
Предходни должности:
- Командир на втор ракетен вод, во втора ракетна батерија, во бПВО;
- Командир на Ренџерски вод во прва Ренџерска чета, во Рб;
- Командир на вод за Техничко Разузнавање во чета за Воено Разузнавање, во ИРб;
- Извршен офицер во втора пешадиска чета, во 3.пб;
- Офицер за Обука и Вежби, во 1.пб;
- Командир на чета за Воено Разузнавање, во 1.пбр.
Унапредување:
- Потпоручник 2019 – 2021 година.
- Поручник 2021 – 2025 година.
- Капетан 2025 година.
Познавање на странски јазици:
- Англиски: STANAG 3,3,3,3
- Француски
- Шпански







