Како дел од финалните подготовки за 17-та конференција на началници на Генералштабовите на балканските земји, која ќе се реализира од 5 до 7 Јуни 2024 година во Албанија, во Драч, се одржа третиот состанок на координативната група за подготовка на конференцијата.
На состанокот на кој учествуваат претставници од земјите членки на иницијативата Б-9, беа разгледувани задачите од заедничката изјава на 16-тата конференција на началници на Генералштабовите на балканските земји како и од вториот состанок на координативната група.
Притоа од страна на подгрупите за асиметрични закани и за едукација, обука и вежби се разгледаа и одобрија годишните извештаи кои се однесуваат на работата на овие подгрупи.
Воедно беа изработени и други материјали потребни за реализација на конференцијата, како и подготовка на заклучоците на овој трет состанок на координативната група, а се изврши и извидување на локацијата каде ќе се реализира истата.
Со извршените подготовки се овозможува успешна реализација на конференцијата која кака иницијатива придонесува за јакнење на воената соработка на земјите од Балканот и одговара на сите безбедносни предизвици, ризици и закани во регионот.