Денес, во Центарот за индивидуална обука, во Командата за обука и доктрини се реализираше свеченост по повод завршување на обуката на курсот за постари подофицери.
Целта за курсот за постари подофицери е кандидатите да ги надградат своите воени компентенции за извршување на високи подофицерски должности на ниво постари подофицери. Воедно тие ќе се оспособат за успешно извршување на задачите и преземање на одговорност за ефикасно управување со човечки и материјални ресурси.
На овој курс слушателите преку настава, вежби и други форми на обука ги совладаа наставните содржини и се стекнаа со нови знаења, меѓу кои и ефективна примена на професионален однос со офицерите во рамките на командниот тим, подготовка и употреба на воен протокол, ефективно комуницирање со воени и цивилни целни групи и други наставни содржини.
За време на свеченоста, во своето обраќање, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини на подофицерите им го честиташе успешно завршениот курс и ја истакна нивната посветеност за време на тримесечната настава и обука и им порача дека пренесувањето на знаењето и вештините на своите потчинети е од огромно значење за напредокот на воената обука и образование.
На крајот на свеченоста на слушателите им беа доделени сертификати за успешно завршен курс.