
Мисија:
Четата за врски да ги воспостави сите планирани врски за потребите на 1.пбр според Планот за врски.
Задачи:
- Тревога и собирање на единицата;
- Тактички марш;
- Воспоставување и одржување на сите планирани врски;
- Заштита на силите.
Поручник Валентино Трајчевски
Поручник Валентино Трајчевски е роден 1997 година во Штип. По завршувањето на средно образование во С. О.У. „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип, продолжува со образованието во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде во 2019 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Петровец како командир на вод за подршка на КИС. Втора должност му е командир на вод за интегрирани врски во чета за врски во 1пбр., каде е поставен од 27.06.2023 година. На 28.04.2025 година е поставен за командир на чета за врски во 1.пбр. Во досегашната кариера има учествувано и завршено повеќе курсеви и вежби.
Завршени курсеви, семинари и обуки:
- Курс за командири на водови – Р. Северна Македонија, АП Криволак 2019 година.
- Курс за фрекфентен менаџмент во Штип 2022 година.
- Курс за „Falcon command“ во Штип 2022 година.
Вежби:
- Командир на вод за врски на вежба „Одлучен удар 22“ – Р. Северна Македонија, АП „Криволак“, 2022 година.
Награди и пофалби:
- Пофалница од Командантот на 1.пбр во 2020 година.
- Три дена наградно отсуство од Командантот на 1.пбр во 2022 година.
- Пет дена наградно отсуство од Министер за одбрана во 2023 година.
- Дванаесет дена наградно отсуство од Началникот на ГШ во 2024 година.
Претходни должности:
- Командир на вод за подршка на КИС во чета за врски во 1.пбр.
- Командир на вод за интегрирани врски во чета за врски во 1.пбр.
- Командир на чета за врски во 1.пбр
Унапредување:
- Потпоручник 2019-2021 година
- Поручник 2021 година.
Познавање на странски јазици:
- Англиски
- Германски
Четата за врски e единица од составот на 1.механизирана пешадиска бригада и е лоцирана во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец. Своите зачетоци ги има во месец септември 2000 година во касарната „Јане Сандански“ – Штип, каде станува составен дел на 1.пешадиска бригада (1.пбр) под мотото „Чест и Сила“.
Како прв командир на чета за врски е поставен капетан Зоранчо Тренев, кој по неколку години со трансформацијата на 1.пбр во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во месец март 2006 е заменет од следниот командир на чета, капетан Зоран Алексов.
Во јуни 2012 година за командир на единицата е поставен сегашниот командир на чета, капетанот Дејан Стојчевски.
Единицата во текот на годините што опстојува реализираше многубројни вежби од доменот на врските, дел самостојно, а дел и во координација и соработка со останатите приштабски единици на 1.мпбр и командата на бригадата.
Четата поставуваше центри за врски за потребите на командата на бригадата на многу локации на територијата од источниот дел на Р. Македонија и на тој начин ја покажа целокупната своја способност правилно, квалитетно и навремено да одговори на сите сложени задачи од делот на врските и комуникациите.
Покрај секојдневните функционални обврски и задачи кои произлегуваат од мисијата на единицата, припадниците од нашиот состав успешно имаат земено учество на сите одржани вежби Македонски Блесок, Балкански Блесок и Кооперативна долга стрела/Лансер на АП Криволак и националните и НАТО оценувања на СПБН и СПБГ, каде што имаат постигнато солидни резултати во процесот на психо-физичката и борбената подготвеност на персоналот во извршувањето на обврските и задачи.
Единицата беше носител на 1 (еден) вод за врски во составот на СПБН и СПБГ. Припадници од нашиот состав имаат учествувано и сè уште земаат активно учество во мировните мисии ИСАФ и ОМЛТ во Авганистан.
Во мисиите ОМЛТ учествуваме 4 (четири) пати со по еден припадник, во 2 (две) ротации учествуваа по 1 (еден) офицер, а во останати 2 (две) ротации по 1 (еден) подофицер. Во мисијата „ИСАФ” во Авганистан од четата за врски учествуваа 13 (тринаесет) припадници од кои 3 (три) подофицери и 10 (десет) професионални војници.
Две припаднички на понежниот пол учество земаа во 2 (две) мисии каде рамо до рамо со останатите припадници професионално и одговорно ги извршија сложените задачи.
Во наведените мисии за успешно извршување на истите припадниците од нашиот состав имаат добиено признанија како од нашите претпоставени команди и единици така и од претставниците на меѓународните сили.
Припадници од нашиот состав имаат земено активно учество на разни курсеви и семинари, како во земјата така и во странство, за што имаат добиено високи признанија. Два офицери имаат завршено курс за штабни офицери, а 1 (еден) офицер и курс за воени набљудувачи во мировни мисии.
Неколкумина подофицери имаат посетувано курсеви од стручно-специјалистичкиот дел, како што се курсевите за фреквентен менаџмент, компјутери и криптозаштита. Здобиените знаења и искуства се имплементираат во секојдневната обука и работа во единицата.
Во 2012 година четата ја менува мирновремената локација и е преместена во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец, каде продолжува ја извршува својата мисија и доделените суштински задачи на мисијата.
Поради постигнати особени и високи резултати во својата работа 1 (еден) подофицер од составот на четата во 2012 година се здоби со високо признание односно бронзена значка.