Мисија:
Поддршка на обуката на командите и единиците на Армијата преку планирање, организација, координација и менаџирање на спроведување на командно – штабни вежби (симулациски вежби) до ниво на бригада.
Задачи:
- Обезбедување на материјално – технички услови, стручна (експертска) помош и логистичка поддршка при реализирање на командно – штабни вежби (симулации) на командите и единиците на Армијата;
- Водење на потребна документација за работа (планови за работа, сценарија, извештаи, анализи, сертификати, датотека за поддршка, единствена евиденција за реализирано вежби и сл.);
- Изработка на сценарија за вежби/симулации;
- Изработка на планови (распоред) за одржување на вежби/симулации за потребите на командите и единиците на Армијата;
- Изведување на стручна обука (подготовка) на индивидуален персонал за примена/користење на информатички средства и работни процедури во центарот за симулации;
- Извршување на оценување (сертифицирање) на постигнатите резултати на поединци и команди/штабови при вежби/симулации;
- Изработка на анализи:
– Ефективност и ефикасност на реализираните вежби/симулации, унапредување на содржини за обука и работни процедури во центарот за симулации;
– Потреби за обука/извежбување на команди и единци на Армијата;
– Начин на примена на научени лекции од ангажирање на капацитети и способности во сценарија за вежби.
- Одржување на оперативност на материјално – технички средства;
- Одржување и ажурирање (надградба) на софтвер на информатички средства;
- Менаџирање со електронска датотека и интернет страница на центарот за симулации;
- Соработка со сродни институции во Републиката и странство.
Потполковник Александар Крстевски
Потполковник Александар Крстевски е роден 1978 година во Велес. Основното и средното образование ги завршува во родниот град. Своето образование го продолжува на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде што дипломира во 2000 година.
Воената кариера ја започнува како Командир на одделение во полкот за воздушно набљудување, јавување, известување и наведување (пВНЈИН) на аеродромот Петровец. Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности: Командир на вод, Командир на чета, Началник на С-3 во баталјон, Командант за баталјон за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ), Офицер за ПВО во секцијата Ј-3 во Командата за операции и Началник на секцијата за анализа и контрола на вежби во Центарот за симулации во КОД.
Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува на Командно штабна академија на Воената академија во Скопје, како и на неколку курсеви од областа на менаџментот и контролата на воздушниот простор.
Во текот на својата кариера повеќе пати е наградуван, меѓу кои и сребрена значка на Армијата. Одлично го зборува англискиот јазик. Оженет е и татко на три деца.