Вежбата „Македонски Блесок-12“ претставува Ситуациона-тактичка вежба на терен која ќе се реализира во период од 01 до 07 октомври 2016 година во Центарот за Обука „Пепелиште“ и на АП „Криволак“.
Цел на вежбата е извежбување и НАТО оценување НИВО-1 на декларираната Ренџерска чета со цел презентирање на интероперабилноста во согласност со NTL 3.0.
На вежбата и претходеа квалитетни подготовки преку реализираните работилници и конференции: Работилница за Спецификација на вежбата МБ-12, Конференција за спецификација, Работилница за планирање, Иницијалната Планирачка Конференција, Работилница за концепт на операции, Главната Планирачка Конференција и Финалната Координативна Конференција.
Работен јазик за изработка на документите на вежбата беше англискиот и при тоа навреме се изработени: Сценарио на активностите за отворање на вежбата, Програма за Денот на високи посетители, Протоколарна листа на гости, изработка и дистрибуција на покани, листата на настани и инциденти (MEL/MIL), План за медиумско покривање на настанот и други.
Планирањето на вежбата се реализираше во периодот од јануари до септември 2016 година, според стандардите на НАТО и врз основа на Директивата за планирање, низ конференции-работилници и тоа:
Иницијална
Главна Планирачка
Финална Координативна
Koнференција за спецификација на вежбата (ЕXSPEC)
Три работилници
На 07.10.2016 година ќе се реализира Денот на високи гости.
На вежбата ќе учествува Ренџерската чета од Ренџерскиот баталјон од полкот за Специјални Операции (пСО), логистички елементи од брЛП, претставници од ГШ на АРМ и на ЗОК, набљудувачи од НАТО тимовите за оценување.