Во периодот од 10.07. до 27.07. во реонот на Радожда, Охридско езеро, се реализира обука на вода и пливање со питомците од 1. наставна група (2. година) од Центарот за обука на питомци.
За време на обуката питомците успешно ги совладаа и усовршија разните техники на пливање, нуркање, скокови и вртење во вода. Особено предизвикувачки за питомците беа тактиките, техниките и процедурите на совладување на водени пречки со помош на прирачни средства, со и без униформа. На крајот, питомците ги совладаа обуката во веслање како и давање на прва помош при незгоди во вода.
Обуката во вода и пливање придонесе за градење на лидерство, тимска работа и натпреварувачки дух кај питомците со цел на постигнување на подобри резултати. Воедно, како идни командири и лидери, можеа да видат како оваа обука да ја планираат и реализираат со своите единици.