
Мисија:
Обезбедува огнена поддршка на единиците при изведување на операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката и при операции за поддршка на мирот и хуманитарни операции надвор од државата, како и поддршка на цивилните власти при отстранување на последици од елементарни непогоди и природни катастрофи.
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување на персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите;
- Логистичка поддршка;
- Организирање и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.
Потполковник Сашко Палески
Потполковник Сашко Палески е роден 1980 година во Кавадарци. По завршувањето на основното и средното образование во Прилеп продолжува со воено образование на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, каде дипломира во 2003 година. Воената кариера ја започнува како командир на 2. огнен вод во минофрлачка батерија во 2. пешадиски баталјон во 2. пешадиска бригада во Охрид. Во артилерискиот баталјон е од 2007 година, каде што ги извршува должностите: командир на самостоен вод, заменик-командир на батерија, командир на батерија, началник на С-3/5/7 и досегашната должност заменик на командантот и началник на штабот на артилериски баталјон.
Своето воено образование низ текот на кариерата го надоградува преку бројни курсеви од кои позначајни се:
- Курс за инструктори во Вишков, Р. Чешка;
- Курс за Меѓународно хуманитарно право во Скопје;
- Курс за инструктори за импровизирани експлозивни направи во Кундуз, Авганистан;
- Курс за штабни офицери во баталјон – ВА Скопје;
- Курс за процес на донесување на воени одлуки во Прилеп;
- Курс за процес на планирање на вежби во Подгорица, Црна Гора;
- Курс за оценувачи по концептот за оперативни способности во Корк, Република Ирска;
- Курс за оценувачи на борбена готовност на единиците во Оберамергау, Германија.
Командно-штабна академија, а воедно и магистратура по воени вештини завршува во Шривенхам Обединето Кралство на Велика Британија во 2021 – 2022 година.
Покрај основните должности значителен момент за одбележување во кариерата е учеството во планирачките процеси и реализацијата на вежби, како домашни, така и меѓународни од кои за издвојување се:
- “Rapid Trident 2010 и 2012” во L’viv – Украина;
- “Trident Juncture 2015” во Сарагоса – Шпанија како офицер за заштита на сили во JFC Brunsum;
- Серијалот вежби „Македонски блесок“- како офицер за операции;
- “Dynamic front 19” – Графенвер, Германија;
- „REGEX19” – Македонија;
- „Одлучен удар 2019“ – Македонија;
- „Maple Arch 24“ – Велес, Македонија;
- „Dynamic front 25“ – Графенвер, Германија.
Остварените резултати во работата се препознаени од страна на авторитетите за што е одликуван со следните признанија:
- Non Article 5 NATO medal – за учество во мисијата ISAF во Авганистан во 2007 година;
- Благодараница од германската армија за учество во мисијата ОМЛТ во 2009 година;
- Златна значка на Армијата – 2012 година;
- Бронзена значка на Армијата за долгогодишна служба – 2015 година;
- Сребрена значка за партнерство и соработка – 2020;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата- 2024;
- Бронзена значка за партнерство и соработка – 2024 година.
Претходни должности:
- 2003- 2006 Командир на 2.огнен вод и командир на самостоен вод во 2. пб во Охрид, 2.пбр,
- 2007-2009 Командир на самостоен вод БМ21 во артб,
- 2009-2010 Заменик командир на хаубичка батерија,
- 2020-2017 Командир на командна батерија,
- 2017-2020 Началник на секција С-3/5-7 во артб,
- 2020-2025 Заменик на командантот и началник на штаб во артб,
Унапредувања:
- потпоручник 2003-2006,
- поручник 2006-2009,
- капетан 2009-2014,
- мајор 2014-2020,
- потполковник 2020.
Одлично го владее и користи англискиот јазик
Оженет е и татко на едно малолетно дете. Пасиониран аматер тркач на долги патеки и учесник во бројни планински и улични трки во државата и странство.

Артилерискиот баталјон (артб) е единица која во својот состав има одлични професионалци и огромно искуство кое ја афирмира оваа единица во сите сфери на обуката, работата и извршувањето на поставените задачи.
Припадниците на артилерискиот баталјон со гордост и достоинствено ја продолжуваат и негуваат слободарската традиција на борците на Петтата Македонска народно ослободителна ударна бригада, наречена „Прилепска“, која со своето јадро од искусни и прекалени борци даде огромен придонес во Народно Ослободителната Борба.
Со формирањето на АРМ во 1992 година, во касарната во Прилеп беше формиран 2.мешовит артилериски полк, кој беше лоциран во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Иако на почетокот со скромни средства и опрема секоја година се обучуваа по 4 генерации на регрути од родот артилерија.
Во периодот од 1997 до 2000 година, функционираше Школата за резервни офицери – род артилерија, каде беа обучени три генерации на резервни офицери од родот артилерија.
Во јули 2002 со преструктуирањето на АРМ, беше трансформиран 2.мап и од него беше формиран артилериски баталјон во состав на КоВ. Единицата беше пополнета со професионални војници со кои се вршеше артилериска обука со цел обучување и подигање на професионалноста на повисоко ниво.
Обуката се изведува согласно СОП на земјите членки на НАТО.
Со заминувањето на последниот регрут од октомвриската класа 2006 година, единицата е пополнета во целост со професионални војници.
Со новата формациска поставеност на АРМ, од 2012 година, артилериски баталјон е во составот на 1.мпбр, лоциран во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Голем дел од персоналот е школуван на курсеви, семинари и командно-штабни академии, во земјата и странство.
Во текот на изминатиот период поголемиот дел од единицата е вклучен во меѓународните вежби кои се реализираат на АП „Криволак“.
На ден 12.08.2021 година од страна на Претседателот на Република Северна Македонија на Артилериски баталјон при Армијата на Република Северна Македонија се доделува признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, во зачувувањето на суверенитетот, независноста и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, за подготвеноста и за обученоста согласно со бараните стандарди за обезбедување огнена поддршка на единиците на Армијата при изведување операции за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија и при операции за поддршка на мирот и при хуманитарни операции за надвор од државата, потврдени со учество на единицата на бројни национални и меѓународни вежби во земјата и странство, за придонес во обезбедување на јужната граница, за поддршка на институциите и на граѓаните во справувањето со елементарни непогоди и во санирањето во штетите и во справувањето со пандемијата Ковид-19 , како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.
Учество во мисии:
- ISAF Авганистан
- eFP (enhanced Forward Presence) Летонија
- FLF (Forward Land Forces) Бугарија
- еVA (enhanced Vigilance Activity) Романија
- KFOR Косово
- ALTEA Босна
Со новата формациска поставеност на Армијата, од 2023 година, артилериски баталјон е во составот на 1.пбр, лоциран во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Артилерискиот баталјон со сите свои атрибути спаѓа во редот на најдобро организираните воени единици и нејзината хиерархиска поставеност е гаранција за нејзината успешност која сериозно придонесува за општата ефективност на Армијата.