
Мисија на единицата:
Обезбедува борбена и општа инженериска поддршка на единиците при изведување на операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет на државата и при операции за поддршка на мирот и хуманитарни операции надвор од државата, како и општа инженериска поддршка на владини и невладини организации.
Листа на суштински задачи за мисијата на инжб:
- Планирање, организирање и изведување на инженериски задачи за мобилност (премостување, пробивање, расчистување на патни правци од НУС, расчистување на помали минско-експлозивни препреки и изработка и совладување на вештачки препреки;
- Планирање, организирање и изведување на инженериски задачи за запречување (попречување, блокирање, пренасочување, изработка на мински полиња);
- Планирање, организирање и изведување на инженериски задачи за опстојување и утврдување (заштитни објекти, фортификациски препреки, маскирање, ограничена изработка на патна инфраструктура и уредување на објекти за заштита и работа за потребите на Командите и единиците на Армијата);
- Изведување на хуманитарно-логистички операции во поддршка на цивилните власти во услови на опасност и санација на последиците од природни непогоди и воени дејствија;
- Асистенција на цивилните власти при реконструкција на инфраструктурни објекти од последици на природни и воени дејствија.
Потполковник Ласте Ѓоргиев
Потполковник Ласте Ѓоргиев е роден во 1981 година во Свети Николе. Основно образование има завршено во ООУ „Методи Митевски – Брицо“, Општина Лозово, средно образование во СОУ„Кочо Рацин“ во Свети Николе, од каде продолжува со образованието во Воената Академија Генерал Михаило Апостолски во Скопје и во 2004 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Скопје како командир на инжв/инжч/инжб. Во својата кариера има извршувано командни и штабни должности во инженерискиот баталјон и во Бригадата за Логистичка поддршка. Во текот на својата кариера има учествувано во една мировна мисија „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан во 2016 година.
Завршени курсеви, семинари и обуки
- 2009 – Balkan Civil Military Cooperation course,
- 2010 – Обука на инструктори.
Вежби
- Македонски блесок 9,
- Македонски Блесок 10,
- 2011 – Humanitarian Relief Operation in Natural Disaster,
- 2017 – Saber Junction – Сојузна Република Германија,
- 2017 – Dragun Guardian – Република Северна Македонија,
- 2019 – Platinum wolf 2019 – Р. Србија,
- 2019 – Национален Одговор – Република Северна Македонија,
- 2019 – Maple Arch – Република Украина.
Претходни должности
- Командир на инжв/инжч/инжб, 2004-2005,
- Командир на 2.инжв/1.инжч/инжб/инжп, 2005-2006,
- Командир на инжв/чупт и лп/инжб/брлп, 2006-2012,
- Командир на 1.инжч/инжб/1.мпбр, 2012-2019,
- Командир на 1.инжч/инжб/ЗОК, 2019-2020,
- НС-3/5/7 во инжб/КО, 2020-2022,
- НШ/ЗК во инжб/КО, 2022-2023.
Унапредување
- Потпоручник 2004-2009,
- Поручник 2009-2011,
- Капетан 2011-2016,
- Мајор 2016,
- Потполковник.
Наградуван и пофалуван:
- Командир на најдобрата чета на ниво на 1.мпбр во 2015 година,
- Медал за заслуги од мисијата „Одлучна поддршка“ ИР Авганистан 2016 година,
- Сребрена значка на армијата во 2017 година,
- Плакета на Министерството за одбрана за 2023 година.
Познавање на странски јазици
- Англиски.

Инженерискиот баталјон на Армијата почна да функционира на 01.04.1992 година како 1. инженериски полк, а првиот македонски војник – регрут, инженерец на Армијата беше примен на 15.04.1992 година. Со тоа и официјално започна да функционира инженериската единица на Армијата а сега по трансформацијата на единиците на Армијата како инженериски баталјон во состав на 1. пешадиска бригада (1.пбр)/Команда за операции (КО).
Трансформацијата на единицата, во поновата историја, од нејзиното формирање во Армијата па се до денес, се трансформираше според следното:
- Од 01.04.1992 година до 15.07.2002 година – 1.инженериски полк,
- Од 15.07.2002 година до 14.12.2005 година – инженериски полк,
- Од 14.12.2005 година до 02.04.2012 година – инженериски баталјон во состав на Командата за Логистичка Поддршка,
- Од 02.04.2012 година – инженериски баталјон во состав на 1. мпбр/ЗОК,
- Од 01.11.2019 година – инженериски баталјон во состав на Команда за операции,
- Од 01.09.2023 година – инженериски баталјон во состав на 1.пбр/КО.
– Инженериски работи на археолошкиот локалитет „Била Зора“ – Свети Николе,
– Справување со последиците предизвикани од поројните дождови во реонот на Скопје во Општина Гази Баба,
– Справување со последиците предизвикани од поројните дождови во реонот на с. Шипковица – Тетово.
На ден 18.08.2016 година, од страна на Претседателот на држвата, на единицата е доделен Орден за воени заслуги.
Во текот на 2023 година, согласно новата формација на Армијата, инженериски баталјон влегува во составот на 1. пешадиска бригада и се изврши дислокација на единицата од касарна „Илинден“ – Скопје во касарна „Чојлија“ – Петровец. И покрај предизвиците од самата дислокација на единицата и во 2023 година припадниците на инженерискиот баталјон продолжија неуморно да
Во текот на 2023 година се изврши прифат на 2 (две) оклопни возила за пронаоѓање на НУС/ИЕН – Husky VMMD 2G со комплет дополнителна опрема за истите. Воедно се изврши интеграција на опремата за одржување и ракување на оклопните возила од страна на FSR – Field Service Representative.
2024 година, јубилејната година односно 80 – годишнината од формирањето на инженериската бригада на ГШ на НОВМ, се со цел успешна реализација и олеснување на работните обврски како на останатите единици на Армијата така и на локалните самоуправи:
– Пребарување и детектирање на минско експлозивни средства на новата трасирана делница за изградба на патот Прилеп – Битола на Коридорот 10 Д.
Учество на единицата на вежби во државата:
- „Спасител 1997“,
- „Најдобар Кооперативен зафат 1998“,
- „Камен Темелник 2003“,
- Серијалот на вежби „Македонски Блесок“,
- „Dragoon Guardian 17“,
- „Национален одговор 2019“,
- „Decisive Strike 21”,
- „Seven Stars-22”,
- „Swift Response 22“,
- „Immediate Response 23”,
- „Resolute Castle 24“,
- „Swift Response 24“,
- „Trojan Footprint 24“.
Учество на единицата на вежби надвор од државата:
- „Cornerstone 2002“ во Буагрија,
- „Cornerstone 2003“ во Романија,
- „Adriatic Shield 2004-6“ во Хрватска,
- „Adriatic Phiblex 2004-2“ во Хрватска,
- „Adriatic Engagment 2005“ во Албанија,
- „Saber Junction 17“ во Германија,
- „Saber Guardian 17“ во Унгарија, Романија и Бугарија,
- „Saber Strike 18“ во Полска.