Вежбата „Одлучен удар“ е национална теренска вежба со повеќе меѓународни учесници, која ќе се реализира во период од 5 јуни до 9 јули на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Криволак“. Крајниот исход од вежбата „Одлучен удар“ е да обезбеди развој на капацитетите на вооружените сили на земјите – учеснички. Оваа вежба претставува можност вооружените сили да споделат знаења и способности во насока на зголемување на довербата и взаемното разбирање, со што ќе се зголеми и успехот на евентуалните идни заеднички учества во операции. Вежбата „Одлучен удар“ е организирана и предводена од тим за планирање од нашата Армија, поддржан со планери од вооружените сили на Соединетите Американски Држави и четири НАТО држави од Европа (Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија).
Станува збор за масивна вежбовна активност (комбинирана здружена вежба), настан кој инволвира околу 2.700 припадници на вооружените сили од пет земји членки на НАТО и нашата држава како држава – поканета за членство во Алијансата и досега е најголема вежба која ќе се реализира во нашата држава.
Сценариото на вежбата „Одлучен удар“ предвидува демонстрација на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува сеопфатно планирање на операции, вежби на командно место, двострана теренска вежба, обука и тактички вежби со боеви гаѓања, по што се ќе се изврши и валоризација на борбената готовност на единиците.
ЦЕЛ НА ВЕЖБАТА:
Цел на вежбата е да обезбеди синхронизација на расположливите сили и капацитети и потврда на тактиките, техниките и процедурите за координирани конвенционални операции и здружени и комбинирани операции во урбана средина, во различни временски услови и во исто време да го зголеми нивото на интероперативност и интеграција како помеѓу конвенционалните, така и помеѓу силите за специјални операции на партнерските земји, потврдувајќи го нивото на борбена готовност и ставајќи ја на тест способноста на логистичката поддршка за интензивна одржливост на операции со висок интензитет.
УЧЕСНИЦИ НА ВЕЖБАТА:
Директор на вежбата е потполковник Игор Манасовски, Началник на одделение за вежби и оценување во Ј-7 во Здружена оперативна команда.
На вежбата ќе учествуваат повеќе од 2700 припадници на вооружени сили на шест држави: Република Северна Македонија со копнени, воздухопловни и специјални сили, Соединетите Американски Држави (Национална гарда на Пенсилванија, 19 група за Специјални операции и Воздухопловни сили на САД), Литванија и Црна Гора со артилериски капацитети и специјални сили на Бугарија и Албанија.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ:
Брифинг за националните медиуми ќе се реализира на 30 мај во Скопје.
Сите претставници на медиумите кои сакаат да присуствуваат на деновите определени за медиумско покривање на вежбата, мора да аплицираат за акредитација, не подоцна од понеделник, 3 јуни 2019 година, до 16:00 часот. Формуларот за акредитација може да го преземат тука.
Пополнетиот формулар потребно е да го испратите на следната e–mail адреса: [email protected]
Отворени денови за медиумите:
- 5 јуни – отворање на вежбата, камп Стрела, АП „Криволак“;
- 8 јуни – тактичка вежба со боево гаѓање (пешадија, артилерија и воздухопловни единици), АП „Криволак“;
- 17 јуни – ден за високи гости, АП „Криволак“.
СЛЕДЕТЕ НЕ НА:
mod.gov.mk
www.arm.mil.mk
@DefenceMKD
@arm.mil.mk
@Defence_MKD
@ARM_mil_mk
Министерство за одбрана
arm mil mk
arm.mil.mk
ЦИВИЛНО ВОЕНА СОРАБОТКА
За време на реализација на вежбата, а во насока на континуиран развој на цивилно воената соработка низ повеќе општини ќе се реализираат презентација на вооружување и опрема:
- 8 Јуни 2019 Гевгелија;
- 11 Јуни 2019 Свети Николе;
- 15 Јуни 2019 Кавадарци;
- 26 Јуни 2019 Радовиш и Струмица;
- 29 Јуни 2019 Битола;
- 1 Јули 2019 Гостивар;
- 5 Јули 2019 Скопје.
Дополнително планирано е во рамките на овие настани да се организираат: пријателски натпревари во кошарка и мал фудбал, демонстрација на давање на прва помош, проверка на крвен притисок и мерење шеќер во крвта кај локалното население од страна на мобилни медицински тимови на Армијата на САД, донација на училишен прибор во основните училишта во градовите Неготино, Свети Николе и Кавадарци од страна на ВС на САД и донација на облека од припадниците на нашата Армија во центарот за деца со потребни потреби во Неготино.
Во рамки на овие активности, Мобилни медицински станици (основна превентивна медицинска заштита) на 23 Јуни 2019 ќе бидат во с.Сапруге и с.Парналија, Радовиш
КОНТАКТИ ЗА МЕДИУМСКО СЛЕДЕЊЕ НА ВЕЖБАТА
Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата
потполковник Тони Јаневски – портпарол
контакт телефон 02/328-2459
мобилен тел. 070/403-425
телефон/факс 02/328-2461
е-mail: [email protected] и [email protected]
Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка
Одделение за медиа и мултимедијална работа
контакт телефон. No.: +389 2 328 2487