Одделението за меѓународна воена соработка (ОМВС), е дел од персоналниот штаб на НГШ на Армијата, а примарната мисија е изработка, организација, координација и реализација на активностите кои што произлегуваат од годишниот план за работа на НГШ на Армијата.
Билатерални активности имплементација на плановите за билатерална соработка (прераспределба на задачите и активностите кои што произлегуваат од нив);
Регионални активности (ОМВС е носител за подготовка, следење, организација и придонес во регионални иницијативи во кои имаме пристапено како Армија, а тоа се: US-Adriatic Charter, BCHOD conference и DECI.