Извршува стручни работи потребни за изработка на анализи со давање на совети и предлози од доменот на НАТО и ЕУ, кои се во функција и поддршка на процесот на донесување на воено-политички одлуки, од страна на НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата. Воедно, координира со Воените мисии во НАТО (Брисел, Монс и Норфолк).
Задачи
Учествува при подготовка на предлог на организација и формација на ГШ на Армијата;
Ја следи работата и врши координација со Воените мисии во Брисел, Монс и Норфолк и другите НАТО и ЕУ структури;
Организира и координира соработка со други институции во Република Северна Македонија од областа на НАТО и ЕУ;
Дава стручна поддршка на О.Е. на Армијата и по потреба координира активности од областа на НАТО и ЕУ;
Учествува во планирање, подготовка и анализа на планови и програми од областа на соработка со НАТО и ЕУ;
Изработува стручни анализи од доменот на НАТО и ЕУ;
Дава соодветни и сеопфатни совети и предлози кои се во функција и поддршка на процесот на донесување на воено-политички одлуки на НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата;
Има постојан увид во пристигнатите НАТО и ЕУ акти (пишани и електронски) по области и категории и дава предлози за нивна дистрибуција до краен корисник;
Прибира и ажурира податоци и доставува соодветни известувања;
Подготвува брифинзи и проекти од доменот на НАТО и ЕУ;
Планира, организира и реализира состаноци и конференции од областа на НАТО и ЕУ, каде директно се вклучени НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата.
Началник
Полковник Христијан Ѓорѓов
Полковник Христијан Ѓорѓов, е роден 1977 година во Кочани. По дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2000 година, како офицер на родот пешадија ја започнува воената кариера во гарнизонот во Куманово. Во текот на воената кариера извршува командирски и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво. Од февруари 2023 година е поставен за началник на Одделението за НАТО и ЕУ во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви и семинари во разни области во земјата и странство, а учествувал и во делот на операции во серијалот вежби за оценување на декларираните единици на Армијата. Учествувал и во меѓународните вежби Викинг 08 и 14 во Шведска. Во периодот од 2009-2010 е упатен на должност штабен офицер во командата на УНИФИЛ во Либан.
Во надоградување на военото образование има завршено Командно-штабна академија на Универзитетот на маринскиот корпус во Квантико, Вирџинија, САД во академската 2016-2017 година. Во текот на воената кариера има добиено повеќе награди и одликувања, меѓу кои позначајни се: Медал за учество во мировна мисија на ООН, Медал за посебни заслуги од страна на ВС на Либан, Сребрена и Бронзена значка од НГШ на Армијата, Пофалница и наградно отсуство од Министерот за одбрана. Активно го користи англискиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
2000-2002 Командир на стрелечки вод во 1.мпбр;
2002-2005 Командир на извидувачки вод во 2.мпбн;
2006-2012 Командир на самостојна извидувачка чета во 1.мпбр;
2012-2015 Офицер за меѓуармиска соработка во ЗОК;
2015-2017 Офицер за односи со јавност во ЗОК;
2017-2018 Примарен офицер за операции во Ј-3 во ЗОК;
2018-2019 Офицер за билатерална соработка во ОМАС во ГШ на Армијата;
2019-2021 Офицер за регионална соработка во ОМАС во ГШ на Армијата;
2021-2023 Заменик на началникот на одделение за НАТО и ЕУ во ГШ на Армијата;
2023 – Началник на одделение за НАТО и ЕУ во ГШ на Армијата.