Следење, контрола и оценување на борбената готовност на Армијата, организација и следење на спроведувањето на мерките за готовност на командите и единиците на Армијата и организација и координација на операциите на Армијата во Републиката и во странство.
Задачи:
Следење, анализирање и контрола на борбената готовност на Армијата;
Предлага мерки за подобрување на борбената готовност на Армијата;
Следи, анализира и го контролира спроведувањето на мерките за готовност на Армијата;
Организира и ги координира операциите на Армијата во Републиката;
Координира и ги организира операциите за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
Учествува во планирањето за учество на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
Организира, координира и ги следи операциите на Армијата надвор од територијата на Републиката;
Организира и ги следи мерките за заштита на силите на Армијата;
Координира, организира и го следи мирновременото функционирање на единиците на Армијата;
Носител е на изработка на предлог Програма 3 „Функционирање на АРМ“ согласно СППБИ;
Предлага изработка на стручни правила, процедури и норми кои се однесуваат на борбената готовност и операциите.
Задачи на одделението за борбена готовност (ОБГ)
Следи, анализира и ја контролира б/г на командите и единиците на Армијата;
Изработува годишен план за контрола на б/г во командите и единиците на Армијата;
Предлага мерки за подобрување на б/г на командите и единците на Армијата;
Носител е на изработка на годишна анализа за состојбата на б/г во Армијата;
Ги координира и организира активностите за брифингот за состојбата на б/г на Армијата пред Претседателот на Републиката;
Ги координира и организира активностите за брифингот за состојбата на б/г на командантите на првопотчинетите команди и единици пред Началникот на Генералштабот;
Следи, анализира и го контролира спроведувањето на мерките за б/г на командите и единиците на Армијата;
Води оперативна евиденција за главната опрема со која се пополнети единиците на Армијата;
Изработува документи кои произлегуваат од записниците од извршените инспекциски надзори од страна на Секторот за инспекциски надзор во МО;
Организира, координира и го следи спроведувањето на мерките за отстранување на евидентираните слабости и пропусти по извршениот инспекциски надзор;
Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
Носител е на изработката на предлог за Програма број 3 „Функционирање на АРМ“ за активност „5551 – Извршување на мерки за приправност и проверка на б/г“;
Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на б/г.
Задачи на одделението за операции (ООП)
Организира, координира, контролира и ги следи операциите на Армијата во и надвор од Републиката;
Ги координира активностите за употреба на капацитетите на Армијата за поддршка на локалната самоуправа (ангажирање на инженериски единици);
Ги координира активностите за воено-полициско обезбедување за потребите на Армијата и МО;
Доставува податоци до МО за донесување на одлука на Владата за учество на Армијата во мировни операции надвор од територијата на Републиката;
Изработува годишен предлог план за учество на Армијата во мировни операции надвор од Републиката;
Дава насоки на првопотчинетите команди и единици за изработка на динамички план за подготовки на единиците на Армијата за упатување во мисии;
Изработува подготвителни и други дополнителни наредби и документи за упатување на единици на Армијата во мисии;
Изработува НАТО и ЕУ документи за упатување во мировни операции надвор од Републиката: Трансфер на авторитетот (Transfer of authority), Порака за готовност на силите (Forces prep), Формална понуда (Formal offer) и Патни налози (Travel Order);
По потреба организира извидување на капацитетите за распоредување на единиците на Армијата во мисии;
Контрола на подготвеноста на контигентите на Армијата за упатување во мисии;
Следи и го анализира учеството на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
Ги анализира научените лекции и дава насоки за нивна имплементација;
Учествува на домашни и меѓународни конференции поврзани со генерирање на сили за придонес на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
Учествува во процесот на планирање на учество на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
Учествува во планирањето на финансиски средства за Програма број 8 „Мировни и хуманитарни мисии“ согласно СППБИ;
Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на операциите.
Задачи на Оперативниот центар на ГШ (ОЦ/ГШ)
Организира, координира, контролира и го следи мирновременото функционирање на единиците на Армијата;
Организира, координира, контролира и ги следи операциите на командите и единиците на Армијата во Републиката;
Организира, координира, контролира и го следи спроведувањето на набљудувањето, контролата и обезбедувањето на суверенитетот на воздушниот простор на Републиката;
Организира, координира и ги следи операциите на Армијата за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справување со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
Врши размена на информации со надворешни субјекти (МВР, ЦУК, ДЗС и други);
Координира активности поврзани со кризниот менаџмент;
Планира и ја организира вкупната работа на оперативната група;
Обезбедува систем за запишување на секојдневните настани во единиците на Армијата и примена на мерки и постапки за да се сведе на минимум времето на реакција од забележувањето и известувањето за некој настан;
Носител е на изработката на предлог за Програма број 3 „Функционирање на АРМ“ за активностите „5550-Служба за оперативни работи“ и „5553-Учество на АРМ во одбрана од елементарни непогоди“.
Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
Учествува во планирањето на учество на Армијата во операции за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справување со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на операциите.
Началник
Полковник Роберт Тасевски
Полковник Роберт Тасевски е роден на 31.03.1971 година во Скопје. Завршил на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како командир на пешадиски вод во 1994 година. Во текот на кариерата извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон, бригада, оперативна команда, Генералштаб, а од 2024 година е поставен за началник на секцијата Ј-3/ГШ на Армијата. Полковник Тасевски, за потребите на Армијата, го надградува своето образование на постдипломски студии на Командно-штабна академија „Георги Стојков Раковски“ Софија, Р. Бугарија (2007-2009) и се стекнува со звање мастер за „Организација и раководење на тактички и оперативни копнени единици“, а во 2017 година завршува Високи студии за одбраната и второ ниво на мастер студии во доменот на „Глобалната стратегија и безбедност“ на Универзитетот Сапиенца во Рим.
Има учествувано на повеќе вежби, во и надвор од државата, меѓу кои како позначајни се издвојуваат: „RISSING PHALANG” во Република Македонија 2006 како директор на вежбата и „Rapid Trident“- Украина 2011 како офицер за операции. Зема активно учество на национални и меѓународни конференции и семинари од областа на одбраната и безбедноста, а од 2019 година е носител на проекти поврзани со активностите на НАТО, ЕУ и ООН.
Во текот на својата кариера, полковник Тасевски повеќе пати е наградуван, пофалуван и има добиено повеќе одликувања од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата за покажаните и постигнатите резултати во своето работење.
Говори англиски и италијански јазик.
Оженет е и има две деца.
Воена кариера:
Командир на пешадиски вод, 1994-1995;
Командир на караула, 1995-1996;
Командир на питомечки вод, 1996-2000;
Командир на питомечка чета, 2001-2002;
Началник на штаб и заменик-командант на Баталјон на Воена полиција, 2003-2007;
Офицер за Воена полиција во Здружена оперативна команда ЗОК, 2009-2012;
Командант на Воена полиција во Здружена оперативна команда ЗОК, 2012-2015;
Началник на С-3 во 1.мпбр/ЗОК, 2015-2016;
Воен советник за Интернационална соработка, во МО на Република Македонија, 2016-2017;
Началник на Одделение за операции/мисии/активности надвор од територијата на Република Северна Македонија во Ј-3/ГШ на Армијата, од 2017-2024;
Началник на Ј-3/ГШ на Армијата, од 2024.
Унапредувања:
Потпоручник 1994;
Поручник 1995;
Капетан 1999;
Мајор 2006;
Потполковник 2011;
Полковник 2016.
Странски јазици:
Англиски;
Италијански.
Организациска структура
Одделение за борбена готовност;
Одделение за операции во републиката – Центар за координација и