Планира, координира и контролира комуникациско-информациски систем (КИС) за успешно командување и контрола (К2) со командите и единиците на Армијата во мир, вонредна и кризна состојба, и војна.
Задачи:
Учество во изработка на организацијата и формацијата на Армијата и предлагање на формациски елементи од областа на комуникациско-информациски системи (КИС);
Учество во изработка на план за употреба на Армијата и предлагање на организација на КИС;
Учество, предлагање и планирање на организација на КИС при зголемување на борбената готовност на Армијата;
Учество во планирањето на годишната програма за опремување на Армијата од областа на КИС;
Учество и предлагање на елементи од областа на КИС во процесот на планирањето на годишниот план за вежбовни активности на Армијата;
Учество и предлагање на персонал од областа на КИС во планирањето на годишниот план за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата;
Предлагање на персонал од областа на КИС во планирањето на лицата на служба во Армијата за школување и стручно оспособување;
Спроведување на годишниот финансиски план за потребите на Армијата од областа на КИС одобрен од Министерството за одбрана и следење на ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно со прописите донесени од министерот за одбрана;
Следење на борбената готовност на Армијата од областа на КИС и преземање мерки за нејзино подобрување;
Организирање и следење на спроведувањето на мерките за готовност на Армијата од областа на КИС и преземање мерки за нивно извршување;
Планирање, организирање и подготвување на КИС за командување и контрола во Армијата;
Планирање и организирање на систем за криптозаштита и информатичка безбедност на класифицираните информации за Армијата;
Учество во организирање и спроведување на противелектронско обезбедување;
Учество во уредувањето на територијата за потребите на Армијата и предлагање на активности од областа на КИС во соработка со К4 на МО;
Планирање и предлагање на активности во процесот на изработка на стручни правила и упатства за КИС во Армијата.
Началник
полковник Тони Наумовски
Полковник Тони Наумовски
Полковник Тони Наумовски е роден 1975 година во Скопје. Основно образование завршува во Скопје, а средното образование го започнува на Воздухопловната воена гимназија „Маршал Тито“ во Мостар. Но, заради настанатата состојба во 1992 година (распаѓањето на СФРЈ), школувањето го продолжува во ММУЦ „Панче Арсовски“ во Скопје. Во 1999 година дипломира на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, како дипломиран потпоручник на родот врски. Во 2012 година завршува втор циклус – магистерски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Институтот за безбедност, одбрана и мир, а во 2015 година завршува и докторски студии, исто така на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Воената кариера ја започнува во 1999 година како командир на вод во Центарот за обука на родот врски во Полкот за врски. Во својата кариера извршува повеќе командни и штабни должности во состав на Полкот за врски, Баталјонот за врски и Генералштабот на Армијата. Од ноември 2024 година поставен е за началник на секцијата Ј-6/ГШ на Армијата.
Професионално се надоградува преку учество на повеќе меѓународни активности, меѓу кои позначајни се стручните обуки и курсеви во областа на КИС во НАТО школото за Комуникациски и информациски системи (NATO Communications and Information Systems School (NCISS)) во Латина, Италија; Курс за воено набљудување при операции за воспоставување на мирот во Анкара, Турција; Серијалот на вежбата за КИС „Здружени напори 2001, 2008, 2012“ во Германија; Курс за штабни офицери во Алдершот, Канада; Посета на центар за комуникациски и информациски системи на Армијата на САД во Графенвур, Германија; Обука за проектот „Имплементација на видеотелеконференција во Армијата“ во Минхен, Германија; Курс за високи воени лидери „Senior Course on Security and Defence Studies“ во Тирана, Албанија; Повеќе семинари и обуки во делот на сајбер- одбраната, како што се работилницата „Национална класификација на сајбер-инциденти“ во Виена, Австрија; „Семинар за сајбер-одбрана“ во Визбаден, Германија итн.
Во земјата има учествувано на бројни конференции, работилници, семинари, стручни обуки, курсеви и вежби во делот на КИС и сајбер-одбраната. Повеќе пати бил координатор и носител на активности при реализација на обуки за КИС со НАТО мобилни тренинг тимови.
Во текот на својата кариера учествува во повеќе работни групи и проектни тимови за развој, имплементација и надградба на глобалниот комуникациски и информациски систем во Армијата и учествува во изработка на стратегиските документи во областа на КИС и сајбер-одбраната. Член е на проектите за опремување и модернизација на Армијата, преку воената контакт програма за соработка со САД (ФМФ програмата на САД). Во периодот од 2019 до 2023 година, одреден е и за национален претставник на „Federated Mission Networking (FMN)“ иницијативата на НАТО.
Автор е на повеќе трудови и публикации меѓу кои и во областа на КИС, сајбер- безбедноста и одбраната. Од 2016 година избран е за вршење на високо образовна дејност на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.
Повеќе пати е пофалуван и наградуван од министерот за одбрана, НГШ на Армијата и командантите на единиците каде бил на должност. Активно го употребува англискиот јазик. Полковникот Тони Наумовски е оженет и е татко на едно дете.
Унапредувања:
потпоручник 1999-2000 година;
поручник 2000-2003 година;
капетан 2003-2012 година;
мајор 2012-2016 година;
потполковник 2016-2023 година;
полковник 2023 година.
Организациска структура
Одделение за интегрирани комуникациски и информациски системи;
Одделение за комуникациска, информатичка и криптографска безбедност и сајбер одбрана и
Одделение за информатички технологии, системи и сервиси.