Полковник Родни Лазовски
Полковник Родни Менчо Лазовски e роден во Свети Николе. Средно стручно образование завршува во Свети Николе, каде се стекнува со звање правен техничар. Военото школување го започнува на Воената Академија на Копнената војска во Белград, а го завршува на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје како офицер на пешадија. Вториот циклус на студии-специјализација за командни и штабни должности ги завршува на Воената Академија во Скопје.
Командните должности на полковник Лазовски, започнуваат со должност командир на граничен наставен вод во Кичево, понатаму, командир на воено полициски вод во гарнизон Битола, командир на воено полициска чета во Скопје, вршител на должност Командант на баталјон за Воена полиција во Битола, како и заменик командант на граничен наставен баталјон во центар за обука на граничари и родови за борбено сервисна поддршка во Велес.
Штабни должности кои до сега ги има извршувано се: офицер за планирање за Воена полиција во Центар за обука на родови и специјални единици во Скопје, офицер за операции, обука и меѓуармиска соработка во Командата за обука во Велес, советник за планирање на протокол во одделение за протокол и преведување во Министерството за одбрана, советник за протокол во Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка во Министерството за одбрана, офицер за персонал во Здружената оперативна команда во Куманово, извршен офицер на Заменикот Началник на ГШ на Армијата и шеф на Кабинет на ЗНГШ на Армијата.
Својата воената кариера и искуство ја надградува со завршени курсеви како: Курс за преговарање со земачи на заложници, Курс за Воена полиција во Обединетите Нации, Курс за воена помош во услови на катастрофи, Капетански курс за Воена полиција – Напреден курс за офицери, Курс за Воени набљудувачи во Обединетите Нации, Меѓународен ориентационен курс за штабни офицери, Курс за штабни офицери за НАТО терминологија, Курс за Цивилно воена соработка и Курс за НАТО и ЕУ Безбедносна соработка.
Полковник Родни Лазовски, придонесот во операциите предводени од НАТО го има дадено во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан како офицер за обука, советување и асистенција во персоналната секција во Командата за обука, советување и асистенција-север.
Претходни должности:
- К-дир граничен наставен вод, Кичево, 1995 година;
- К-дир на Воено полициски вод, Битола, 1995-2000 година;
- Вршител на должност Командант на 2.баталјон на Воена полиција, воедно командир на чета, Битола, 1997 година;
- Командир на Воено полициска чета, Скопје, 2000-2003 година;
- Офицер за планирање за Воена полиција во Центар за обука на родови и специјални единици, Скопје, 2003-2004 година;
- Заменик Командант на граничен наставен баталјон во Центар за обука на граничари и родови за борбено сервисна поддршка, Велес, 2004-2006 година;
- Офицер за операции, обука и меѓуармиска соработка во Г-3 во Команда за обука, Велес, 2006-2007 година;
- Советник за планирање и протокол во Сектор за меѓународна соработка во Министерство за одбрана, Скопје, 2007-2012 година;
- Советник за протокол во Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка во Министерство за одбрана, Скопје, 2012-2015 година;
- Офицер за персонал во ЗОК, Куманово, 2015-2018 година;
- Извршен офицер на ЗНГШ на Армијата, Скопје, 2018-2019 година;
- Шеф на Кабинет на ЗНГШ на Армијата, Скопје, 2019 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1995;
- Поручник 1996;
- Капетан 2000;
- Мајор 2007;
- Потполковник 2011;
- Полковник 2021.