Планирање на финансиски ресурси за развој и редовна дејност согласно програмската структура на Армијата, извршување на финансиското работење во Армијата.
Задачи:
Примена на принципите и прописите од доменот на планирањето, програмирањето, буџетирањето и извршувањето на буџетот и финансиските планови.
Изработува долгорочна проекција на буџетот на Армијата во соработка со МО-СФ.
Доставува насоки за изработка на предлог-буџетот за командите и единиците.
Изработка на збирна предлог-пресметка за буџетот на Армијата.
Изработка на предлог-финансиски план на Армијата.
Изработка на збирен план за набавки врз основа на одобрениот финансиски план и предлозите на носителите на планирање.
Организација и координација на изработката на предлог буџетот и финансиските планови.
Организација на финансиското обезбедување во Армијата, врз основа на предлогот на потчинетите команди и единици.
Организира водење на материјално книговодство во Армијата.
Организира устројување и водење на материјалните евиденции и нивно затварање во ГШ на Армијата.
Води книга на кусоци и оштетувања за ГШ на Армијата.
Организација на водење на финансиски книги и евиденции во Армијата.
Организирање на семинари и советувања за стручно оспособување на персоналот од финансиска служба.
Учествува во изработка на упатства, нормативи и процедури од доменот на финансиското работење.
Комуникација со МО-СФ по сите прашања во врска со буџетот и финансирањето на Армијата.
Следење и анализа на приходите и расходите во командите и единиците.
Следење и анализа на реализацијата на буџетот и на финансискиот план на Армијата.
Следење и анализа на реализацијата на финансискиот план на командите и единиците.
Обезбедува навремени информации во врска со финансиското работење за потребите на командите и единиците.
Обезбедување на парични средства за плаќања во готово за потребите на Армијата.
Предлага висина на касовиот максимум на благајните во командите и единиците.
Менаџмент со финансиските ресурси во Армијата.
Следење на прописите од областа на финансиите и сметководството и нивна примена во Армијата.
Претходна и дополнителна контрола на материјално-финансиската документација во Армијата.
Врши внатрешна контрола на материјално-финансиското работење во Армијата.
Учествува во организацијата и спроведувањето на пописот на средствата, обврските и побарувањата.
Началник
потполковник Илија Митров
Потполковник Илија Митров
Потполковник Илија Митров е роден 1981 година во Струмица каде завршува основно и средно образование и се стекува со звање економски техничар. Потоа се запишува на Економскиот факултет каде што дипломира и подоцна во 2015 година магистрира и се стекнува со звање магистер по економски науки. Воената кариера ја започнува во 2003 година по завршување на Курсот за подофицери служби и го добива првиот подофицерски чин водник. По дипломирањето повторно е упатен на Курс за офицери служби на Воената академија во Скопје каде што по завршувањето на курсот го добива првиот офицерски чин поручник. Во текот на воената кариера има посетувано бројни курсеви, обуки и семинари од кои позначајни се следните:
Курс за повеќегодишно планирање, програмирање, буџетирање и извршување во МО, Штип (2006);
Завршен курс за инструктор за ЛИС системот во МО-АРМ во делот „финансии до контрола“, Скопје (2008);
Селективен курс за прием во Специјалните единици на АРМ (2013);
Мобилен меѓународен курс за одбранбен менаџмент, Охрид (2014);
Семинар на тема „Управување со ресурси и анализа на трошоци во одбраната“, Скопје (2015);
Специјализирана обука на тема „Финансиско управување и контрола и управување со ризици во јавниот сектор“, Скопје (2016);
Курс за „Процес на здружено оперативно планирање“ Скопје (2018)
Постдипломски курс за ППБИ, Брашов, Романија (2019);
Курс за менаџмент со одбранбени ресурси, Оберамергау, СР Германија (2025).
Во текот на својата професионална кариера ги има извршувано сите должности во финансиската служба во Армијата, почнувајќи од подофицер за финансии во баталјон, заменик-началник на секција во пешадиска бригада, началник на секција во пешадиски баталјон, началник на секција во Полкот за специјални операции, офицер за планирање и програмирање во секцијата Ј-8 во ГШ на Армијата, началник на одделение за буџет и заменик-началник на секција и началник на Ј-8 во ГШ на Армијата од ноември 2025 година.
Има учествувано во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан во периодот декември 2015 – јуни 2016 година.
Во текот на кариерата повеќепати е пофалуван и наградуван од министерот за одбрана, НГШ на Армијата и командантите на единиците каде бил на должност.
Активно го употребува англискиот јазик. Оженет е и татко на едно дете.