Генерал-мајор Азим Нуредин
Генерал-мајор Азим Нуредин е роден 1969 година во селото Древеник, битолско, Северна Македонија. Военото образование го започнал во Воената гимназија во Белград, а продолжил на Воената академија за копнени сили во Белград. Апсолвентската година ја завршил на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. По завршувањето на Воената академија, кариера ја започнал како командант на вод во гарнизонот Струмица од самото формирањето на Армијата.
Во текот на кариера имал различни командни и штабни позиции, вклучувајќи го и служењето како аѓутант на врховниот командант на армијата. На 18 мај 2018 година, претседателот со указ го именува за Заменик на Началникот на Генералштабот на Армијата.
Генералот Нуредин го надградува своето образование на постдипломски студии на Командно-штабната академија во рамките на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и на Школата за национална одбрана при Воената академија и Командата на вооружените сили во Истанбул, Турција. Има завршено бројни обуки за НАТО, англиски и турски јазици, односи со јавноста, безбедност на државната граница и друго.
Има учествувано на многу национални и меѓународни конференции и семинари од областа на одбраната и безбедноста, вклучувајќи и воени вежби со специјалните сили и други вооружени сили. Во 2014 година учествува како висок претставник во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Од 2019 до 2021 година, генералот Нуредин го предводеше воениот процес за пристапување и интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.
Во текот на својата кариера, генералот Нуредин добил бројни награди и пофалници. Течно зборува англиски и турски јазик.
Оженет е и има две деца.
Воена кариера:
- Командир на вод, Струмица, 1994-1996;
- Офицер за обезбедување на Врховниот командант, Скопје 1996-1998 година;
- Командир на вод / заменик командант на чета, Петровец, 1998-1999 година;
- Командир на вод / заменик командант на чета, Битола, 1999-2000;
- Командир на караула, Стрезимир, 2000-2002;
- Командир на гранична чета, Охрид 2002-2003;
- Командир на чета на основен курс за подофицери, Велес, 2003-2004;
- Командир на гранична чета, Охрид, 2004-2006;
- Командант на 2.мпбн и воедно командант на гарнизон Охрид, 2006-2011; ;
- Командант на 2.мпбн и воедно командант на гарнизон Кичево, 2011-2012;
- Началник на штаб во Полкот за специјални операции – пСО, Скопје, 2012-2015;
- Аѓутант на претседателот, Скопје, 2015 година;
- Началник на штаб во Здружената оперативна команда – ЗОК, Куманово, 2015-2018;
- Во моментов, Заменик на Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, од 2018 г.
Унапредувања:
- Потпоручник 1994;
- Поручник 1995;
- Капетан 1999;
- Мајор 2004;
- Потполковник 2008;
- Полковник 2012;
- Бригаден генерал 2015;
- Генерал-мајор 2018.
Ордени и обележја:
- Медал за учество во мировна мисија „ИСАФ“;
- Бронзена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Златна значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Златна значка на Армијата;
- Бронзена значка на Армијата;
- Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Голема плакета на Армијата;
- Средна плакета на Армијата;
- Мала плакета на Армијата;
- Плакета на Министерството за одбрана;
- Значка „Генерал Михаило Апостолски“.
Странски јазици:
- Турски;
- Српски;
- Англиски.