Бригаден генерал Орце Јордев
Бригаден генерал Орце Јордев е роден во 1972 година во Кичево. По завршување на основното и средното образование во родниот град, продолжува со воено образование на Воена Академија во Загреб, Белград и Скопје.
Воената кариера ја започна во специјалните единици како Командир на вод во против терористичка чета каде 23 години со развојот на единицата се развива и неговата кариера. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво баталјон, полк- бригада. За време на воениот конфликт во 2001 година, командувал со Пртивтерористичка чета во Тетовско, Шар Планина и Кумановскиот крај, за што истата година вонредно е унапреден во чин капетан прва класа, а од 2021 година со Указ на Врховниот Командант е поставен за Советник на Началникот на Генералштаб за обука, вежби и научени лекции.
Своето воено образование го надградува на Командно штабна академија во текот на 2004- 2006 година во Истанбул, Турција каде што заврши и Школа за национална одбрана во текот на 2015 година.
Има завршено повеќе курсеви во повеќе образовни центри во земјата и во странство, како курсевите за специјални единици, за тактика на мали единици, за алпинизам, за работа во штабови и команди, за планирање на вежби, за комуникација во кризи итн. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство.
Во текот на воената кариера активно придонесуваше со предлози за измена на Законот за служба во Армијата, а како потпретседател на Репрезентативниот синдикат во Одбраната придонесе да се донесе новиот Колективен договор со цел подобрување на статусот, правата и обврските на вработените во Армијата и Министерството за Одбрана.
Во досегашната служба честопати добива пофалби, награди и признанија за афирмација, унапредување и усовршување на Армијата, меѓу другото е одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Република Македонија во 2011 година, Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка, Златна, Сребрена и Бронзена значка за придонес кон Армијата, Бронзена значка за 10 години и Сребрена значка за 20 години служба во Армијата.
Во текот на Март 2024 година за својот придонес кон Армијата и Одбраната, од страна на активните и пензионираните генерали му е оддадено посебно признание, избран е за Претседател на Клубот на Генерали, здружение за актуелни прашања од областа на одбраната и безбедноста.
Активно го користи англискиот и турскиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
- Командир на вод во Против терористичка чета од 1995-1996 година;
- Командир на тим во Против терористичка чета од 1996-1998 година;
- Заменик командир на диверзантска чета од 1998-1999 година;
- Командир на Против терористичка чета од 1999-2001 година;
- Офицер за операции во баталјон за Специјални Намени од 2001-2002 година;
- Началник на С-3 во баталјон за Специјални Намени од 2002-2003 година;
- Заменик на командантот на баталјон за Специјални Намени од 2003-2006 година;
- Командант на баталјон за Специјални Намени од 2006-2012 година;
- Заменик командант на полк за Специјални Операции од 2012-2015 година;
- Командант на полк за Специјални Операции од 2015-2018 година;
- Началник на Штаб во Здружена Оперативна Команда од 2018-2019 година;
- Заменик на командантот на Здружена Оперативна Команда, од 2019 година;
- Заменик на командантот на Команда за Операции, од 2019-2021 година;
- Советник на Началникот на Генералштаб за обука, вежби и научени лекции од 2021 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1995-1996;
- Поручник 1996-1999;
- Капетан 1999-2001;
- Капетан 1 класа 2001-2003;
- Мајор 2003-2007;
- Потполковник 2007-2012;
- Полковник 2012-2016;
- Бригаден генерал 2016.