Мисијата на Канцеларијата за воени односи со јавноста на Армијата на Република Северна Македонија е поддршка на командната структура преку континуирано, точно и навремено информирање на јавноста за сите активности на Генералштабот и потчинетите команди и единици со цел унапредување на организацискиот кредибилитет на Армијата и подобрување на јавната свест во разбирање на воените аспекти и улогата на Армијата, како и нејзините, операции и активности во рамки на НАТО Алијансата.
Задачи:
Канцеларијата за воени односи со јавноста е организациска единица која ги извршува следните задачи:
Следење на информациското опкружување во воената област, во поблиското опкружување и на глобално ниво;
Изработка на анализа и преглед на надворешните медиумски пораки кои се од значење за Армијата;
Координирање на барањата на претставниците на медиумите за изведување на медиумски активности во командите и единиците на Армијата;
Предлагање мерки за поддршка во снимање на репортажни емисии за Армијата од страна на медиуми од земјата и странство со цел афирмативно презентирање на Армијата;
Координирање со Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка (СКАОП) во МО за медиумски прашања кои се однесуваат за одбраната согласно надлежностите, како и меѓусебно информирање за сите прашања од меѓусебен интерес;
Координирање со регионалниот центар за односи со јавноста и секцијата Ј-7/ГШ на Армијата за потребите во обуката;
Учество во креирање на програмата за обука за односи со јавноста за потребите во Армијата;
Одржување постојана комуникација и координација на активностите со офицерите за односи со јавноста во сите потчинети единици на ГШ на Армијата;
Обезбедување база на дигитални фотографии, видео снимки и аудио записи од активностите значајни за Армијата;
Изработување и процесирање на дигиталните информатички продукти наменети за внатрешно информирање и информирање на пошироката јавност;
Обезбедување заштита на дигиталните записи и информатичкиот систем на пренос од неовластен пристап и злоупотреба;
Обезбедување медиумска поддршка на организациските единици во ГШ на Армијата во афирмирање на активностите поврзани со нивната сфера на делување, а кои се од значење за афирмација на Армијата;
Продукција и дистрибуција на соопштенија, фотографии, видео и аудио продукти за навремено информирање на јавноста;
Менаџирање на начинот на дистрибуција на информатичките продукти;
Обезбедување логистичка поддршка на претставници на националните медиуми кои вршат одобрени медиумски активности на локации каде се одвиваат воени активности;
Организирање и одредување персонал кој ќе раководи со центарот за односи со јавноста за време на изведување на поголеми вежбовни активности на единици на Армијата или конференции од меѓународен карактер.
Началник
потполковник Дарко Стерјовски
Потполковник Дарко Стерјовски
Дата на раѓање:
04.02.1980, Скопје.
Образование
Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 1998-2002 година.
Постдипломски студии – магистер по Европски студии за интеграција, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, Скопје, 2005-2009.
Специјализација за командни и штабни должности, Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2023-2024 година.
Воено кариера:
Командир на вод во баталјонот за Почести и Опслужување (2002-2006);
Поставен во Командата за обука и доктрини (2006-2008);
Поставен во Ј-4/ГШ на Армијата (2008-2009)
Началник на С-3/5/7/логб (2009)
Офицер за операции и борбена готовност во Командата за Логистичка Поддршка (2009-2012)
Офицер за обука и вежби во бригада за Логистичка Поддршка (2012-2013);
Офицер за планирање и електронски медиуми во КОЈ/ГШ на Армијата (2013-2016);
Офицер за операции во Ј-3/ГШ на Армијата (2016-2017);
Командир на чета во 1.мпб/1.мпбр (2017-2019 );
Офицер за вежби во Ј-7/ГШ на Армијата (2019-2022):
Аѓутант на НГШ на Армијата (2022-2025)
Началник на канцеларијата за воени односи со јавноста (2025- )