Извршува стручни работи потребни за изработка на анализи со давање на совети и предлози од доменот на НАТО и ЕУ, кои се во функција и поддршка на процесот на донесување на воено-политички одлуки, од страна на НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата. Воедно, координира со Воените мисии во НАТО (Брисел, Монс и Норфолк).
Задачи
Учествува при подготовка на предлог на организација и формација на ГШ на Армијата;
Ја следи работата и врши координација со Воените мисии во Брисел, Монс и Норфолк и другите НАТО и ЕУ структури;
Организира и координира соработка со други институции во Република Северна Македонија од областа на НАТО и ЕУ;
Дава стручна поддршка на О.Е. на Армијата и по потреба координира активности од областа на НАТО и ЕУ;
Учествува во планирање, подготовка и анализа на планови и програми од областа на соработка со НАТО и ЕУ;
Изработува стручни анализи од доменот на НАТО и ЕУ;
Дава соодветни и сеопфатни совети и предлози кои се во функција и поддршка на процесот на донесување на воено-политички одлуки на НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата;
Има постојан увид во пристигнатите НАТО и ЕУ акти (пишани и електронски) по области и категории и дава предлози за нивна дистрибуција до краен корисник;
Прибира и ажурира податоци и доставува соодветни известувања;
Подготвува брифинзи и проекти од доменот на НАТО и ЕУ;
Планира, организира и реализира состаноци и конференции од областа на НАТО и ЕУ, каде директно се вклучени НГШ, ЗНГШ и ДГШ на Армијата.
Началник
потполковник Јован Азмановски
Потполковник Јован Азмановски
Потполковник Јован Азмановски, е роден 1981 година во Скопје. По дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2004 година, како офицер на родот авијација ја започнува воената кариера во гарнизонот во Скопје, како пилот во воздухопловните единици на Армијата. Во текот на воената кариера извршува командирски и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво. Од август 2026 година е поставен за началник на Одделението за НАТО и ЕУ во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви и семинари во разни области во земјата и странство, а учествувал и во делот на операции во серијалот вежби за оценување на декларираните единици на Армијата, интернационални вежби организирани во државата и странство. Во периодот од 2016-2017 година е упатен на напредна обука на хеликоптер во Република Црна Гора.
Во надоградување на своето образование има завршено посдипломски студии на факултетот за човечки ресурси во периодот од 2015-2018 година. Има учествувано на интернационален курс за штабен офицер во операции за поддршка на мирот, повеќе воздухопловни курсеви меѓу кои: напредна обука на хеликоптер Газела, курс за инструментално летање, курс за безбедност при летање и курс за превенција од несреќи. Во текот на воената кариера има добиено повеќе награди и одликувања, меѓу кои позначајни се: Сребрена и Бронзена значка од НГШ на Армијата, Пофалница и наградно отсуство од Министерот за одбрана и НГШ на Армијата. Активно го користи англискиот јазик. Оженет, татко на едно дете.
Претходни должности:
2004-2008 Пилот на воздухоплов Злин 242Л;
2008-2012 Пилот на транспортен воздухоплов Ми-8/17;
2012-2016 Пилот на борбен воздухоплов Ми-24;
2016-2018 Командир на флајт во сквадрон на борбени хеликоптери;
2018-2020 Офицер за обука и вежби во Воздухопловната бригада – Петровец;
2020-2025 Офицер за развој на родот авијација во Генералштабот на Армијата;
2025-2026 Офицер за следење на трансформацијата, концептите, доктрината и научените лекции на НАТО и ЕУ во Генераштабот на Армијата;
2026 – Началник на одделение за НАТО и ЕУ во ГШ на Армијата.