Мисијата на Ј-7 управата на ГШ на Армијата е да го планира, координира и контролира спроведувањето на обуката и вежбовните активности на Армијата.
Задачи:
Изработка на годишни насоки за обука и вежби во Армијата;
Изработка и координација на годишниот календар за обука во Армијата;
Изработка на годишен план за вежби на Армијата во земјата;
Изработка на предлог годишен план за вежби на Армијата во странство;
Изработка на предлог финансиски план за финансирање на обуката и вежбите на Армијата;
Изработка на предлог Програмата 4 „Обука во АРМ“;
Координација за изработка на планови и програми за обука во Армијата;
Изработка на планови за работа;
Изработка на планови за контрола на обуката и вежбите во Армијата;
Планира оценувања според Концептот на оперативни способности;
Предлага и планира обука од доменот на меѓуармиската соработка во првопотчинетите команди и единици;
Предлага изработка на упатства, правила, прирачници, норми и процедури од своја надлежност;
Подготвува шестмесечна и годишна анализа на обуката и вежбите во Армијата;
Планира и реализира проверка на физичката подготвеност на персоналот на ГШ на Армијата и првопотчинетите команди и единици;
Координација на останати активности за обука и вежби со ОЕ во рамките на МО, Генералштабот како и останати структури надвор од МО.
Началник
Полковник Игор Атанасов
Полковник Игор Атанасов е роден на 30 декември 1977 година во Радовиш, каде завршува основно и средно образование. Воената кариера ја започнува во 2000 година како дипломиран офицер на родот пешадија од втората генерација потпоручници школувани на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
Неговата прва должност е командир на тим во Баталјонот на специјални сили каде се задржува до 2020 година, извршувајќи различни командни и штабни должности и тоа: командир на нуркачко-падобрански тим, командир на диверзантска чета, офицер за специјални операции во баталјон, офицер за операции и б/г во баталјон, в.д. началник на секција С-3 и С-4 во баталјон и заменик-командант/началник на штаб во Баталјонот за специјални намени.
Од 2020 година извршува должности во Ј-3 Секцијата за борбена готовност и операции во ГШ на Армијата како офицер за операции во Одделението за операции во Република Северна Македонија-Центар за координација и в.д. началник на Одделението за операции во Република Северна Македонија-Центар за координација, а од 2024 година извршува должност началник на Ј-7 Секцијата за обука и вежби во ГШ на Армијата.
Командно-штабна академија завршува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во 2013-2014 година. Во текот на кариерата професионално се надоградува на други школи и завршува курсеви во земјата и странство, а позначајни се: Курс за специјални сили; Амфибиски извидувачки курс; Падобрански курс; Нуркачки курс; Курс за воена надлежност во служба на мирот и мировни операции; Штабен курс за изведување на операции за поддршка на мирот; Курс за цивилно-воена соработка; Курс за информациски операции; Курс за оперативно планирање на компонента команда за специјални операции; Курс за планирање на здружени операции; Курс за НАТО стандардизација и Курс за НАТО кризен менаџмент.
Во 2006 година учествува во мисијата „Слобода за Ирак“ како заменик-командант на контингент.
Активно учествува во повеќе вежби на специјални сили и вежби за кризен менаџмент во земјата и странство и тоа: „Jackal Stone 09“ во Хрватска; „B-9 CJSE Wise Wolf“ на Криволак; „Anaconda“ во Полска; „Combined Resolve VII“ и „Combined Resolve XII“ во СР Германија и „MILEX 21“ во Грција.
За своето залагање и постигнатите резултати во процесот на борбена обука и градењето на Армијата има добиено повеќе одликувања и награди од министер за одбрана, началник на Генералштабот на Армијата и претпоставени команданти на баталјон и полк. Активно го користи англискиот јазик. Оженет и татко на две деца.