Полковник Ненад Миклош, е роден 1967 година во Велес. По завршување на основното и средно образование во родниот град, продолжува со воено образование во Воена Академија на копнена војска во Белград. По завршување на високото воено образование ја започнува својата воена кариера во Сремска Митровица, а од самиот почеток на формирањето на Армијата, како командир на вод, а подоцна и командир на чета во Центарот за обука на граничари во Велес. Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности во командата за обука и доктрини, Здружено оперативната Команда и Генералштабот меѓу кои и шеф на кабинет на командантот на Здружено оперативната команда, а последната должност е началник на одделение за планирање и заменик на началникот на секцијата Ј-5 во Генералштабот.
Во досегашната воена кариера го надградува своето воено образование преку специјализација за командно-штабни должности во Форт Левенворт во САД 2008-2009 година и Школа за национална одбрана, на Академијата „Раковски“ во Бугарија, 2020-2021. Има завршено повеќе курсеви во земјата и странство како: Курсеви англиски јазик, Цивилно воен соработка, Хуманитарни операции при катастрофи, Курс за НАТО одбранбено планирање и други. Учествува на повеќе воени вежби во земјата и странство. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван меѓу кои сребрена и златна значка на Армијата и медал за пофалба од Националната Гарда на Калифорнија. Активно ги користи англискиот, бугарскиот, српскиот и хрватскиот јазик. Оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
Командир на вод,
Командир на чета,
Офицер за планирање во С-3,
Офицер за персонален менаџмент во персонална секција,
Началник на С-5 во бригада,
Началник на одделение за протокол и менаџирање со информации во ЗОК,
Шеф на кабинет на командантот на ЗОК,
Началник на Г-3/5/7 во Команда за обука и доктрини,
Началник на одделение за планирање во Ј-5 во Генералштабот,